16 Декември, 2025
0.5981

Шокантни детали од МВР: Полицаецот убил за да не плати 4.000 евра за купениот автомобил

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2018 19:15

Добивај вести на Viber

Полицијата до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Е.Т. (24) од Битола, вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во битолската полициска станица, поради постоење  на основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

На обвинетиот му е одреден притвор од 30 дена.

Како што информира Министерството за внатрешни работи Е.Т. вчера го контактирал сега покојниот А. Б. (36) во село Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, сопственост на лицето Ј.С. од Битола. Двајцата контактирале преку пораки од социјалната мрежа „Facebook“ при што се договориле истиот ден околу 14.30 часот А.Б. да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба за сума од 3.600 евра. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чека сопственикот на возилото. Откако стигнале во атарот на селото Беловодица двајцата излегле надвор од возилото.

Во еден момент Е.Т. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми кон покојниот А. Б., кој бил усмртен на лице место.

Е.Т. од А.Б. одзел една чантичка во која имало 4.000 евра, пари кои му биле предвидени да му ги плати на сопственикот на возилото. Потоа, пријавениот од возилото извадил шише полно со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето на покојниот Б.А. и откако го полеал со бензин го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“