20 Декември, 2025
0.0511

ШИВАЧКИ ОД ИСТОКОТ ЗАМИНУВААТ ВО ИТАЛИЈА: Maкедонската текстилна индустрија има потреба од неколку илјади работници

Објавено во: Економија 27 Април, 2022 07:34

Добивај вести на Viber

Македонскиот текстилен сектор може слободно да апсорбира и до 5.000 работници, но тие многу тешко се наоѓаат. Дел од работничките кои работат во фабриките, заминуваат сезонски во странство, и нема кој да ги замени. 

Иако компаниите постојано објавуваат огласи за прием на нови работници, интересот е многу слаб или скоро и да го нема. Дури имало и обиди преку Агенцијата за вработување, да се мотивираат невработените да се вработат во овој сектор, но тоа не вродило со плод со што текстилните компании не би имале недостиг од работна сила. Маријана Перковска, претседателка на Текстилниот кластер вели дека има многу работнички кои наскоро ќе одат во пензија, и потребата за работен кадар ќе расте.

„Потреба за работнички има во Скопје, Штип, Берово, Делчево. Во градовите од Источна Македонија, се одлеваат работници, одат на сезонска работа во Италија и тоа е така со години. Фалат работници за мануелна работа. Потребни се шивачки, а кројачи скоро и да нема. Има компании каде 20 отсто од работничките за 1 или 2 години ќе одат во пензија, и допрва ќе стане полошо. Проблемот не е само платата, таа е само еден сегмент, но проблемот има многу подлабоки корења. Младите попрво ќе работат во кафуле и во продавница, дури и со половина работно време, но не сакаат да работат во текстилна фабрика. Проблем е општествениот статус, и оваа професија е навистина деградирана. Ако порано беше гордост да работи некој во производство, денес е срам. Еве и јас барам работници, ми требаат 3-4 шивачки, но одзив нема“, вели Перковска.

Таа објаснува дека многу од газдите се принудени да ги задржат на работа и оние работници кои не ја исполнуваат нормата и се помалку продуктивни, затоа што немаат избор. Перковска вели дека за овој проблем требало да се преземат мерки уште пред 5 години, а како пример ги наведува соседните земји Косово и Албанија, каде објаснува дека има млади во производство, но таму државата ги стумилира со придонеси.

„Присутна е таа појава да заминуваат работниците кој каде ќе се снајде. Некои работници одат по месец, два, три во странство за да работат на лозја. Две години кај мене нов работник не е дојден, а си заминаа 2 во истиот период“, објаснува сопственик на конфекција од источна Македонија.

Од конфекција во Делчево, велат дека редовно нивни работници одат во Италија и Швајцарија за да работат сезонски.

„Ние на добрите работници им ги чуваме работните места, мораме така, од нив зависиме. Имаме и ние многу проблеми, но нема што да правиме. Отсуствуваат од 15 дена па до 3 месеци, а додека ги нема им ги чуваме машините, работното место“, додаваат од оваа конфекција.

Текстилците велат дека многу е тешко да обучат кадар за работа, а истиот многу лесно го губат затоа што тие работници се одлеваат во други сектори каде работата е полесна, и платите се повисоки.

Пред пандемијата во овој сектор беа ангажирани околу 35.000 работници, а сега се смета дека бројката е сведена на 30.000.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба