26 Април, 2024
0.0290

Шилегов: Само ние, Србија и Русија славиме верски празници по јулијанскиот календар

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, по негативниот одговор од МПЦ денеска рече дека останува на ставот дека православните вербници во Македонија треба да ги слават големите христијански празници како Велигден и Божиќ заедно со припадниците на католичката и протестантската верска заедница.

- Во Гристијанството не се слават датумите, туку Бог.  Тогаш ирелевантен е датумот. Она што јас лично го размислувам е дека тој тип на големи празници треба да го славиме сите заедно. Во што верувате вие - Во датумот, или во Господ?. Тоа е прашањето што секој треба да си го постави. Освен ние, Србија и Русија не постои друга држава што го применува јулујанскиот календар во пресметувањето. Јас немам намера да влезав во расправија со МПЦ или со Синодот. Секој си има свое мислење, рече Шилегов.

Шилегов минатата недела во еден момент на прес-конференција по повод новогодишното украсување на главниот град ја повика Македонската православна црква да го прославува Бижиќ според грегоријанскиот, а не според јулијанскиот календар.

Мотивот на Шилегов за овој предлог е тоа што минатата година новогодишната програма не била интересна за граѓаните по Нова Година, односно во периодот до 7 јануари кога се празнува Денот на Христовото раѓање.

- Минатата година работевме до Божиќ, ако се сеќавате, меѓутоа не беше веќе голем интересот на граѓаните. Некако како да се празни атмосферата околу новогодишните празници. Можеби правото прашање е зошто МПЦ не го смени календарот, па да го правиме Божиќ како цел свет, рече скопскиот градоначалник.



Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите