13 Декември, 2025
0.0676

Шилегов сака Универзална да се реставрира, а да гради и нова сала - најавува референдум

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2020 15:22

Добивај вести на Viber

Можен е и референдум за ликот на Универзалната сала, најави денеска градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов. Два дена јавноста се бранува за конкурсот што градот го објави за парк сцена кај старата Универзална. Шилегов денеска одржа брифинг на кој ги објаснуваше сите опции за салата која е обележје на главниот град. Додека граѓаните сметаат дека таа не смее да се чепка односно треба само да се реставрира, Шилегов вели дека и тоа е опција. Впрочем имало три идеи, но за сите се потребни и доста пари. 

Лично градоначалникот смета дека најдобро е постојната сала да се реставрира, а на друго место да се изгради и нова поголема сала. Во таа насока следните чекори би биле распишување конкурс за реставрација на Универзална сала, како и конкурс за одредување локација за уште еден, нов објект од таков вид.

„Втората опција е на друга локација да се изгради нов објект, а третата за реставрација на постојната и изградба на нова мултимедијална сала на нова локација. Јас лично би сакал да се реализира третата опција. Со тоа, Универзална во постојната големина би останала, а Скопје би добил нов објект во кој би биле сместени и други културни институции како Театарот за деца и млади, Танец, а би имало и конгресен центар. Јас овие идеи ги отворам, за нив да се произнесе и Владата, стручната јавност но и граѓаните. Ако треба, ќе имаме и референдум за ова прашање“, рече Шилегов.

Парите за кој било проект ќе се бараат од Владата. За нов поголем објект би требале околу 20 милиони евра. Досега, од буџетот на државата за овој проект на Град Скопје му се одобрени само пола милион евра.

Градоначалникот вели дека треба да се донесе оптимално решение и салата да се користи во следните 30 до 50 години. 

Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон