20 Мај, 2024
0.0280

ШИЛЕГОВ: МОЈАТА СЕМЕЈНА КУЌА Е ВО ФАЗА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА - ќе чекам да видам до каде ќе оди лагата за мене, а потоа ќе ги изнесам сите документи

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Скопје и кандидат на локалните избори за уште еден мандат денеска одговори на нападите на опозицијата, нагласувајќи дека неговата семејна куќа е во фаза на, како што кажа, реконструкција, но нападите на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече лага, додавајќи дека ќе почека да види до каде ќе оди лагата а потоа ќе ги презентира сите документи.

Јас сум седум години во политиката, се изнаслушав сѐ и сешто за мене и тоа е стимулирана црна кампања од опозицијата. Во однос на ова прашање ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и македонската јавност и ќе направам само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи во коишто во целост ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа која е предмет на реконструкција“, рече Шилегов, а пренесува МИА.

Тој посочи на повеќе реализирани активности во градот изминатите години наведувајќи дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се само за дефокусирање на јавноста од сработеното.

„Кога од позиција на градоначалник на Скопје за само четири години ќе направите четири булевари, еден мост скоро завршен, еден мост започнат, ќе уредите јавни простори што можеби никој не помислил дека можеле некогаш да бидат уредени, ќе изградите 110 км велосипедски патеки со сериозна разлика, ќе изградите капацитет како што е Лајка со цел стретшки да се реши среднорочно проблемот со кучињата скитници, ќе ја вратите Дрисла од еден обид за криминална приватизација во сопственост на граѓаните многу е логично опозицијата во предворјето на изборите да се обидува да ја дефокусира јавноста на проблеми што не се врзани со престојните избори, а кои се врзани лично со градоначалникот Шилегов, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат