30 Април, 2024
0.0315

ШЕСТ ВАКЦИНИ СЕ ТЕСТИРААТ НА ЛУЃЕ - и нашите власти на состаноци договараат набавка и количини

Објавено во: Македонија 05 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Руси, Британци, Американци, Германци. Сите забрзано работат на вакцина против коронавирусот. Неколку од вакцините, односно шест, се во последната фаза, односно се тестираат на луѓе. За разлика од научниците, од Светската здравствена организација не се толку големи оптимисти. Напротив, многу се претпазливи. 

Сепак, кога некоја од вакцините ќе бие дозволена за употреба, и земјава ќе претендира да обезбеди доволно количини за своите граѓани. 

Дали навреме сме се „запишале“ како држава на светските списоци, за да дјдеме до вакцината кога ќе се врши нејзината распределба. 

Од Минизтерството за здравство уверуваат дека Македонија навреме се приклучила кон проектот за навремено обезбедување на вакцините.

„Организациите GAVI/Глобална Алијанса за Вакцини и Имунизации, CEPI/Коалиција за Иновации за подготвеност за епидемии и WHO/Светска Здравствена Организација упатија покана до Владата на Република Северна Македонија да се приклучи кон акцијата/проектот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за COVID-19 преку таканаречен COVAX механизам. COVAX механизмот (Глобален пристап до вакцини за Ковид 19) се очекува да резултира во изнаоѓање на вакцина и ставање на пандемијата под контрола во најбрз можен рок преку заедничко здружено инвестирање, споделен ризик, здружени набавки и рамномерна дистрибуција до земјите учеснички“, објаснуваат од Министерството за здравство. 

Оттаму откриваат и дека во изминатиот период имало неколку состаноци, на кои се разговарало за детали околу испорака, набавка, количини и начин на дистрибуција. 

„Ова практично значи, дека во моментот кога преку таканаречениот Ковакс механизам вакцината за Ковид-19 ќе биде достапна во светот, ќе може да се обезбеди и во нашата земја“, уверуваат од Министерството за здравство.

А веќе неколку вакцини се во напредна фаза. Покрај онаа од Оксфорд, и Русите тврдат дека досега нема негативни ефекти од нивната вакцина, а ветуваат дека до 10 август таа ќе биде испратена за одобрување.

Но, од СЗО брзо ги оладија надежите. Тие ја повикаа Русија да ги следи меѓународните упатства за производство на вакцини против Ковид-19, откако земјата соопшти дека ќе започне со вакцинирање на населението против коронавирус во октомври.

„Понекогаш некои истражувачи тврдат дека пронашле нешто, што секако е извонредна вест. Но, постои голема разлика помеѓу пронајдок или индикација дека поседуваат вакцина која делува, и вакцина што поминала низ сите фази“, изјави портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер.

Руската вакцина не е на листата на СЗО со шест вакцини кои стигнале до трета фаза на клиничките испитувања. Руските здравствени власти во саботата објавија дека се подготвуваат да започнат со масовна вакцинација против коронавирус во октомври. Министерот за здравство Михаил Мурашко рече дека лекарите и професорите ќе бидат првите што ќе ја примат вакцината, а потоа постепено и остатокот од населението.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица