29 Април, 2024
0.0314

Шест работи кои светот ги научи од првото интервју на Трамп

Објавено во: Свет 14 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Во своето прво телевизиско интервју како новоизбран претседател на САД Доналд Трамп ja истакна политиката, која ќе jја води во Белата куќа. Во емисијата "60 минути" Трамп ги потврди некои од преземените обврски за време на предизборната кампања, но во однос на други направи изненадувања.

Планира да предложи судија во Врховниот суд со "pro-life" убедувања 

Републиканците положија многу напор за да ја игнорираат номинацијата за Врховниот суд на Барак Обама - Мерик Гарланд, со надежи за една конзервативна администрација. Сега Трамп планира да  гопополни местото на починатиот судија Антонио Скалиа со „pro-life“ поставен кандидат. Трамп ја потврди таа намера, што практично може да доведе до забрана на абортусот на државно ниво. Новиот претседател на Америка изјави дека овие решенија евентуално ќе бидат во рацете на државите. Тој додаде дека најверојатно жените кои сакаат да направат абортус, ќе треба да одат во друг држава.

До 3 милиони имигранти можат да бидат депортирани 

За време на кампањата Трамп тврдеше дека сака да го депортира секој илегален имигрант во САД, што практично значи околу 11 милиони луѓе. Во интервјуто сепак тој изјави дека неговата администрација ќе ги гони само „криминалците“. Опишувајќи ги имигрантите кои немаат криминално минато, како „исклучителни луѓе“, тој додаде дека предмет на гонење ќе се „криминалците и оние кои имаат криминални досиеја, членовите на банди, дилерите на дрога ... Ќе ги пратам надвор од земјата или ќе ги ставиме во затвор“. Трамп го утврди бројот на луѓето кои спаѓаат во оваа категорија - 2-3 милиони луѓе. Во 8-годишен претседателски мандат, Барак Обама депортираше 2,5 милиони луѓе - повеќе од било кој друг претседател досега.

„Ѕидот“ со Мексико всушност ќе биде на многу места само ограда 

Еден од главните нешта на кампањата на Трамп беше неговото ветување да изгради ѕид долж целата граница со Мексико. И иако многумина, вклучувајќи негови поддржувачи беа скептични во однос на овие планови, градежниот магнат дециден дека ќе подигне солиден граничен ѕид од железо и бетон. Сега, меѓутоа, изгледа дека сомнежите биле оправдани. 

Тој ги отфрли стравувањата на луѓето од малцинствата 

Во првите денови од изборната победа на Трамп беше регистриран раст на злосторствата од омраза во цела Америка. Муслимани, имигранти и луѓе со различна сексуална ориентација поднесоа многу сигнали за напади и навреди. Според Трамп сепак овие информации се незначителни инциденти, пренесени од пристрасни медиуми. „Мислам дека тоа е застрашувачки, ако се случува. Сметам дека овие наслаги се по вина на печатот, бидејќи, искрено - тие го изопачуваат секој мал инцидент кој се случува во оваа земја и кој може да бил таму и пред тоа, дури и да ме немаше мене, тие пак сакаа да го претворат во сензација, едноставно затоа медиумите работат така“, рече тој. Трамп сепак повика нападите да запрат. “Би рекол: „Не го правете тоа е ужасно, бидејќи јас всушност имам намера да ја обединам оваа земја. И повторувам: „Стоп“. Ќе го кажам тоа право во камерта: „Стоп!“, додаде тој.

Во крајна сметка здравствената реформа на Обама може да не биде целосно повлечена 

Републиканците повторуваат со години, дека сакаат да ја укинуваат здравствената реформа на администрацијата на Обама - Obamacare. За време на кампањата Трамп поддржуваше ја оваа теза. По средбата со Обама сепак новоизбраниот претседател го ублажи тонот во однос на здравствената реформа до умерено зборување. Во интервјуто тој вели дека може да задржат некои од законските одредби како што се оние кои им дозволуваат на деца под 26 година да се вбројуваат во здравствениот план на родителите.

Може да се советува со Хилари Клинтон 

Во пресрет на претседателските избори Трамп и се закани Хилари Клинтон дека може да ја истражува и да ја пикне во затвор. Следниот ден, сепак тој и се заблагодари и ги пофали нејзините напори и професионализам. Трамп изјави дека Клинтон му се јавила за да му честита за победата и била „мила“, опишувајќи ја како “многу силна и многу умна“. Тој додаде дека дури може да се обрати кон Клинтон за совет за време на својот мандат. „Тие се многу талентирано семејство. Со сигурност ќе ги  разгледам“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД