27 Април, 2024
0.0276

Шанса за јакнење на извозниот потенцијал на малите и средните претпријатија од Западниот Балкан

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

За многу претпријатија од шесте земји на Западниот Балкан(WB6), извозот претставува еден од начините да го прошират своето работење. Со цел да се оствари подобар учинок, неопходна е добра подготовка за овој важен чекор за кој се потребни широк спектар вештини, па заради тоа компаниите често бараат поддршка од матичните стопански комори. 

Проектот Зголемување на извозниот потенцијал на малите и средни претпријатија во регионот Западен Балкан 6, што во име на Владата на Сојузна Република Германија, Министерствоо за економска соработка и развој, го спроведуваDeutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH (Германскoдруштво за интернаицонална соработка) – Отворен регионален фонд за надворешна трговија, се фокусира токму на оваа потреба на претпријатијата. Преку блиска соработка на стопанските комори на земјите од регионот на Западниот Балкан(Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово*, Северна Македонија и Србија), членки на Коморскиот инвестициски форум на Западен балкан 6 (WB6 Chambers Investment Forum), развија две нови услуги за унапредување на извозот кои станаа дел од услугите на овие комори – едната е База на податоци на дистрибутери од регионот и од ЕУ,а другата овозможува пристап до  алатката за анализа на меѓународниот пазар.

Базата на дистрибутери на локалните компании им дава информации за регионалните и европски дистрибутери, за трговците на големо и мало, увозниците и преработувачите, што во голема мера го олеснува трагањето по потенцијални партнери во регионот и во Европската унија.Стопанските комори сега располагаат со обединети информации кои можат да им понудат на заинтересираните компании да почнат или да ги подобрат своите извозни активности.  

 „Овој проект е одлична платформа за создавање синџир на вредности од секторот овошје и зеленчук и нивни преработки на подрачјето на Западен Балкан и Европската унија. Со оглед на тоа дека дистрибуцијата е еден важен дел од синџирот вредности на прехранбените производи, оваа услуга за доставувачите значи ефикасен пласман на стоките на пазарот, во добра состојба, соодветно запакувани и ставени на погодно место од кое потрошувачот може да го купи бараниот производ“, истакна Огненка Лаловиќ, директорка на секторот за стопанство во Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина.

На примерот на Србија може да се види дека пристап до базата на дистрибутери е овозможен за сите регионални комори на Стопанската комора на Србија.

Услугата функционира на тој начин што кога компанијата ќе се обрати на било која од тие адреси, алатката дополнително помага да се одговори на прашањето на компанијата доколку бара партнери, т.е. дистрибитери за своите производи. Апликацијата овозможува пребарување по земји, по вид на производ и по тоа какви услуги даваат компаниите“, објаснува Марко Мандиќ,раководител на Центарот задолжен за активности на Коморскиот инвестициски форум ЗБ6 во Стопанската комора на Србија.

Втората услуга овозможува пристап до информации за пет избрани пазари во рамки на Европската унија (Австрија, Белгија, германија, Холандија и Шведска) со помош на алаткатаEuromonitor International/Passportкоја поставува нов стандард во анализа на глобалниот пазар.Нуди единствен пристап кон деловни податоци во врска со индустриите, земјите и потрошувачите, а исто така ги идентификува и идните трендови.

Во Босна и Херцеговина на пример, веќе постојат позитивни примери на компании на кои овие алатки им имаат помогнато во работата. „Иако е уште рано да се зборува за вистинските ефекти на новите услуги, почетниот интерес на компаниите е многу голем, а неколку од нив веќе имаат воспоставено контакти со дистрибутери од базата и очекуваат продолжување на соработката и конкретни договори. Забележан е посебен интерес на помалите компании за овие услуги во Босна и Херцеговина, кои сé уште немаат развиени мрежи на партнери во регионот и кои допрва планираат извоз или работење во регионот“, објасниОгненка Лаловиќ.

Двете наведени услуги се развиени и испробани во регионот на Западниот Балкан, во секторот на овошје и зеленчук, што е многу важен сектор за стопанството на сите шест земји. Услугите ќе бидат редовно ажурирани, а може да се креира и посебна верзија за сите други сектори кои се релевентни за поединечните економии на земјите во регионот.

Компаниите кои почнаа да ја користат Базата на податоци на дистрибутери и Euromonitor International/Passportсе задоволни со квалитетот на услугите и позитивното влијание на овие деловни алатки на зголемувањето на нивниот извозен потенцијал.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“