Шахпаска: Министерството ќе дава пари за продолжување на породилното отсуство до 12 месеци
Објавено во: Економија 29 Април, 2021 12:49
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, за најавените измени со кои породилното отсуство за мајките ќе може да достигне и до 12 месеци, на денешната прес-конференција по свечената седница на Економско-социјалниот совет, рече дека министерството ја прави анализата за дополнителните средства кои ќе му бидат потребни на Фондот за здравствено осигурување. Министерката наедно рече дека контурите на законот ќе бидат познати во јуни, кога ќе започне и општата дебата.
Работиме на новиот системски закон за работни односи, на поглавјето за породолното отсуство. Оредвиден е периодот на мајчинство и период на родителство, а на таткото ќе му следуваат и 10 дена отсуство. Финансиските импликации произлегуваат од средствата кои што се предвидени во буџетот. Министерството за труд и социјална политика овие средства ги трансферира до Фондот за здравствено осигурување. Значи тоа се средства од централниот буџет. Оптимистички, го очекуваме законот да излезе начелно во јуни, по што ќе следува дебатата, одговори Шахпаска на новинарското барање да даде повеќе детали за овие најави.
Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавачи, рече дека овој предлог е прифатлив, но и дека мајките треба да внимаваат да не го загубат чекорот со кариерата.
- Ова усогласување на породолното отуство и родителското отсуство е во согласност со европската регулатива, а бидејќи товарот е на ФЗОМ може да речеме дека баш ни е гајле бидејќи друг плаќа, но во земјата има нарушен пазар на труд, нема работници, а треба да се мисли и на кариерата на тие мајки. Големото отсуство ќе биде пречка за развој на кариерата. За нормално усогласување, секако ние нема да правиме проблеми, рече Димитров.
Сојузот на синдикат на Македонија вели дека оваа мерка во најава се усогласува со нивната иницијатива за отсуство на мајката од 12 месеци.
- Сојузот на синдикати тргнува од европската легислатива и директиви и во таа насока ние даваме посебен акцент на семејството и во таа насока предложивме недела да биде неработен ден. Иницијативата што ја дадовме за отуство од 12 месеци е во таа насока. А на тој начин ќе влијаеме и на зголемување на наталитетот на населението, смета Златко Цветковски од Сојузот на синдикати на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




