14 Декември, 2025
0.4254

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2023 12:18

Добивај вести на Viber

ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сениори во категоријата на играчи над 50 години, победувајќи ја третата селекција на Англијаво деветтото и последно коло со моќен резултат од 3,5 : 0,5.

На првенството учествуваа 22 екипи, при што повеќе од половината беа репрезентации на одредени земји. Тоа му дава посебна тежина на пласманот, но ако се додаде и тоа дека е изборен играјќи нерешено со најсилните две селекции (САД и Англија, кои на крајот соодветно ги освоија првото и второто место), задоволството е уште поголемо. Овој пласман е, пред сѐ, резултат на извонредното залагање и на тимската борба на сите членови на екипата: велемајсторите Кирил Георгиев, Трајко Недев, Влатко Богдановски, Звонко Станојоски, Роландо Кутиров и капитенот Драгољуб Јаќимовиќ.

ВМ Кирил Георгиев на првата табла брилираше во партијата во која неговиот противник играше словенска одбрана и од првиот потег до самиот крај безгрешно ги водеше белите фигури до победа. ВМ Трајко Недев со црни фигури ја играше острата сицилијанска одбрана и вложи голем труд за да ја преземе контролата над играта, по што дојде во добиена позиција. И ВМ Влатко Богдановски беше пред победа, имаше голема предност во самата партија играјќи каро-кан отворање, но реализацијата претставуваше проблем, па така само овој дуел заврши со поделба на поенот. На четвртата табла ВМ Звонко Станојоски се соочи со противничка која не покажа дека му е дорасната, а самиот факт дека успеа да ја матира и да поведе со 3:0 кажува дека нашиот играч беше на висина на задачата.

- Сметам дека го потврдивме реномето и не бевме попусто сметани за еден од фаворитите за висок пласман. Имавме добри резултати – пет победи, две нерешени и два минимални порази. Задоволни сме од добрата игра и од залагањето на сите играчи, се играше за секој поен, но, едноставно, недостигаше малку спортска среќа за нешто повеќе. Навистина покажавме висока класа и не потфрливме меѓу силните светски селекции. Посакувавме екипен медал, но се надевам дека ќе го освоиме во некој следен настап. Мора да кажам дека петто место во светот за еден шаховски клуб е резултат за почит, особено што зад нас се селекции од земји како што се Канада, Полска и Словачка. Искрено, сметам дека во иднина повторно ќе имаме шанса да играме за висок пласман и да донесеме трофеј што ќе ги израдува шаховските вљубеници во земјава, но и самата држава и компанијата која стои зад нас и која ни ја дава потребната поддршка – изјави капитенот на ШК Алкалоид, ВМ Драган Јаќимовиќ.

На крајот беа доделени и медали за најуспешните играчи по табли, при што ВМ Трајко Недев го освои сребрениот медал на втората табла, зад Кајданов од САД, а пред Годена од Италија. ВМ Кирил Георгиев и ВМ Звонко Станојовски беа четвртопласирани во конкуренцијата на првата и на четвртата табла, односно малку недостигаше за да стигнат до бронза.

- Задоволен сум од играта и сметам дека покажавме квалитет. Испративме порака до помладите дека во Македонија може успешно да се игра шах, дека со работа и со желба може да се постигне многу. Би сакал ова да биде поттик за нив да продолжат да го изучуваат шахот и да стигнат до посакуваните цели. Ние како екипа се обидовме да стигнеме до медал, а поединечните успеси не ни беа во фокусот, но, сепак, задоволство ми е кога гледам дека и противниците со кои сум играл освоиле медали (Елвест, Година, Петерсон), што значи дека и тие биле во добра форма, па на тој начин овој медал ми носи сатисфакција дека не е освоен случајно – изјави ВМ Трајко Недев.

Од другите македонски екипи добар резултат постигнаа ветераните кои играа во категоријата на играчи над 65 години и кои на крајот беа на делба од 11. до 13. место (според тај-брејк, дванаесетти), иако според почетниот рејтинг беа на 18. место.

Фото: Архива на ШК Алкалоид

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија