20 Декември, 2025
0.0458

Семејството на Вук Бориловиќ е во опасност поради крвна одмазда, полицијата ги чува

Објавено во: Балкан 15 Август, 2022 15:33

Добивај вести на Viber

Полицијата го штити од крвна одмазда семејството на масовниот убиец Вук Бориловиќ кој пред три дена направи масакр во Цетиње. 

Тој во петокот уби десет свои соседи во Цетиње. Имаше и повеќе повредени.  Срѓан Кораќ, началник на полициското одделение за сузбивање крвни деликти изјави дека ќе бидат преземени сите мерки за безбедност на семејството, за кое изјави дека „не може да биде одговорно за извршеното злосторство“.

„Очекувам ова да го разберат сите граѓани на Цетиње и семејствата на загинатите. Сите ја разбираме нивната тага и болка, но мораме да бидеме разумни и свесни дека тие не се одговорни за злосторството. Семејството е на безбедно и надлежните власти немаат информации што би укажувале дека ќе има крвна одмазда“, изјави Кораќ.

Вели дека Ненад Калуѓеровиќ, мажот што го застрелал убиецот го сослушале како сведок на злосторството, а не поради обвинение. Тој на полицијата ѝ го предал пиштолот од кој пукал во Бориловиќ, но истрагата не утврдила дали неговите куршуми го погодиле убиецот и дали биле смртоносни. При обдукцијата е утврдено дека Бориловиќ имал пет прострелни рани.  Бориловиќ во текот на својот крвав поход дури 3 пати телефонирал, соопшти Управата на црногорската полиција. Докторот на Клиничкиот центар на Црна Гора, Зоран Терзиќ за ТВЦГ изјави дека состојбата на пациентот со сериозни повреди на главата е благо подобрена, но дека тој сè уште е во животна опасност.

Најмладата жртва било дете на 8 години, кое било погребано заедно со 11-годишното братче и нивната 35-годишна мајка Наташа Мартиновиќ.  На гробиштата Бајице не било дозволено заедно со жртвите да биде закопан и нивниот убиец. Црна Гора не памети ваков масакр. Трагедијата го потресе регионот. 

ОТО: Twiter, Nova.rs

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација