14 Декември, 2025
0.2226

Семејството Јахоски од Пласница сепак ја има купено управната зграда на „Бетон“

Објавено во: Економија 14 Март, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Семејството Јахоски од Пласница сепак ја има во своја сопственост и управната зграда на некогашниот градежен гигант „Бетон“ во Карпош веднаш зад Министерството за економија. Минатата година беше објавено дека „Пуцко Петрол“ на Асмир Јахоски ја купил деловно-административната зграда за 5 милиони евра, но тоа веднаш беше демантирано.

Во моментов во регистарот на катастарски парцели може да се види дека сопственик на овој недвижен имот е БИ Холдинг, компанија за изградба на станбени згради во Скопје. Сопственичка на оваа фирма е Хана Јахоска од Пласница.

Оваа фирма е основана во 2013 и има само 7 вработени. На крајот од 2023 остварила добивка од дури 2 милиони евра на приходи од 4 милиони евра. Добивката била зголемена за 290 отсто, а приходите за 230 проценти. Финансиската задолженост е околу 3,25 милиони евра. Седиштето на фирмата е на сосема друга адреса. Оваа фирма била заеднички косопственик на градежната компанија за нискоградба „Адастра“ со фирма поврзана со бизнисменот Сеад Кочан.

Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант „Бетон“ од 2023 се продаваше за 5 милиони евра во банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка. Деловниот објект е изграден во 2012, а НЛБ Банка го проценуваше на 4.952.967 евра.

Компанијата во 2022, кога се уште беше сопственик на деловно административната зграда, на вонредно акционерско собрание, во една од точките предложи продажба на овој недвижен имот. Во план беше откако ќе се усвои предлогот, да се прави проценка на имотот и да се објави оглас за да се најде купувач.

Последно што се знае за „Бетон“, кој отиде под стечај откако ја загуби ликвидноста поради неможноста да ги заврши отпочнатите проекти и да ги подмири обврските кон банките кредитори, е дека Собранието на доверители разгледуваше можност за реорганизација во рамки на стечајната постапка.

Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ и син на пратеникот на ДУИ и екс градоначалник на Пласница, Исмаил Јахоски, деновиве е актуелен со одредениот куќен притвор поради перење пари заедно со Ратко Капушевски од РКМ.

Обвинителството соопшти дека поднело жалба за куќниот притвор кој му е определен на Јахоски, кој беше приведен во акцијата за злоупотребите со милионските набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, затоа што претходно од судот беше побарано притворот да биде затворски.

Со истрагата се опфатени, покрај Јахоски и Капушевски, и Ерџан Сулкоски од РКМ, екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, поранешениот секторски директор во ЕСМ Ардиан Муча, како и уште 8 други лица кои учествувале во спроведувањето на набавките. ЕСМ во периодот меѓу 2021-ва и 2023-та за ТЕЦ Неготино купи мазут за над 160 милиони евра. Со истрагата е оспорен начинот на распишување на јавните набавки и има сомнежи за перење пари добиени преку мазутот.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година