Селото Света Петка остана без струја и вода, поради кражби на електрична енергија
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2025 11:12
Кражбите на струја го оставија селото Света Петка од општина Сопиште без електрична енергија и вода, дознава „Фактор“. Локалните жители ги спречиле екипите на електродистрибутивното претпријатие да направат интервенции во мрежата.
Жителите на селото Света Петка се соочуваат со прекин во снабдувањето со вода и електрична енергија, откако во раните утрински часови настанал дефект во дистрибутивната мрежа како резултат на неконтролираните кражби на струја.
Информацијата за прекинот ја потврди и локалната власт. Оваа криза директно влијае на 150 домаќинства кои во моментов се без основни услови за живот. Пумпите за вода кои работат на струја, ги оставиле жителите во мизерна состојба. За ситуацијата се обративме со прашање до дистрибутивната компанија.
„Поради континуираните нелегални приклучувања и неконтролираното трошење на електричната енергија, денес настана дефект од посериозни размери во мрежата во сопственост на Електродистрибуција. Во моментов сите корисници од селото Света Петка немаат снабдување со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за санација, но беа попречени од страна на дел од жителите. Поради вербалните закани и неможноста за работење, екипите се повлечени од селото.“ гласи објаснувањето од ЕВН Електродистрибуција.
Од компанијата додaваат дека низ годините повеќепати се потрудиле да ја реконструираат мрежата во селото Света Петка и за таа цел се реализирале и состаноци со населението, но без никаков резултат.
Според податоците, загубите на електрична енергија во селото се над 60 отсто, додека наплатата на електричната енергија е само 7 проценти..
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




