Село воведе сопствена валута - кој ќе биде бенефитот за мештаните?
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2017
Во Швајцарија село воведе своја валута.
Во оптек се пуштени 50.000 монети во селото и во скијачкиот центар Ле Диаблере. Нив ги има на секоја жичара, односно во кабините во стил на гондола.
Валута го добила името исеану, по скијачкиот центар над селото до кој се доаѓа со дотраен лифт.
Станува збор за иницијатива на Фондацијата за одбрана на интересите на Исенау. Иницијаторите се надеваат дека ќе соберат 250.000 швајцарски франци за да го финансираат проектот.
Ова се прави со цел да се поттикне локалната економија и финансирање на новата жичарница. За неа мештаните велат дека е од витално значење за иднината на регионот.
Парите ќе бидат во оптек најверојатно до крајот на април. Иницијативата се појави откако регионот ја загубил финансиската поддршка од државата.
Ваква праска со воведување на валути имало во други делови на Швајцарија, но и во Русија за да парите циркулираат на локално ниво.