Села: Проблемот со Бугарија е многу поголем, тие имаат територијални претензии
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2020 20:24
Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, смета дека Бугарија се уште има територијални претензии кон Северна Македонија.
Претседателот на опозициската партија во јавувањето во студиото на ТВ21 додава дека политичките случувања во регионот, под печатот на евроинтегративните преговори, ја враќаат темата на почетокот на 20 век.
„Темата што ја отвори Бугарија во последно време, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка, тоа што не се кажува во овој случај, е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија“, вели Зијадин Села.
Тој исто така смета дека македонско-бугарскиот спор е многу поголем и дека проблемот не е само во историските личности.
На Села не му се допаѓа исто така тоа што албанскиот политички фактор воопшто не учествува на теми од ваква важност и дека учениците Албанци во Македонија не ја изучуваат својата историја.
Можеби ќе ве интересира
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат




