08 Декември, 2024
0.0293

СЕКОЈ ЗДИВ НОСИ РИЗИК: Аерозагадувањето е црвен аларм за зголемени респираторни и ментални проблеми

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија е повторно во фокусот на јавноста, веднаш штом температурите почнаа значително да опаѓаат. Скопје, Битола, Тетово и Куманово се едни од најпогодените градови, каде загадувањето со штетни честички, особено PM2.5 и PM10, достигнува високо ниво. Главни извори на загадување остануваат зимското затоплување, индустриските активности и интензивниот сообраќај.

Здравствените и еколошките експерти континуирано предупредуваат на сериозните ризици по здравјето на населението кои произлегуваат од продолженото изложување на загадениот воздух.Според нив, најранливи се постарите лица, децата, како и сите оние кои имаат хронични респираторни заболувања, што ја прави состојбата уште поалармантна.

Посочуваат дека аерозагадувањето претставува присуство на мешавина од штетни супстанции во воздухот, кои можат негативно да влијаат на здравјето на луѓето и на животната средина. Според д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, аерозагадувањето означува присуство на мешавина од супстанции во воздухот кои можат да им предизвикаат штета на луѓето и на животната средина. -Загадувањето настанува или како резултат на природни процеси во природата врз кои човекот нема влијание или како резултат на одредена активност на човекот, па со самото тоа може да се влијае врз нивната концентрација во воздухот. Во оваа група спаѓаат супстанции кои настануваат со согорување горива и гасови за загревање на домовите, издувните гасови од возилата, фабриките. Додека во урбаните средини како главен фактор за аерозагадувањето се издувните гасови од возилата, во руралните средини тоа се изворите за загревање на домовите. Единица мерка на загадување е концентрацијата на ПМ-честичките, од кои најголеми последици врз здравјето оставаат честичките со дијаметар од 2,5 микрони и се главна причина за повеќето здравствени проблеми од аерозагадувањето, нагласува д-р Андоновски.

Први органи кои се засегнати од контакт со ПМ-честичките, како што појаснува, се очите и органите за дишење, при што во контакт со очите предизвикуваат нивна иритација придружена со чувство на печење, жарење. 

-Кога доаѓаат во дишните органи, прават иритација на нивната слузница започнувајќи од носот преку грлото, па сѐ до најситните дишни патишта. Резултат од оваа иритација е нејзино оштетување. Вака оштетената слузница станува многу поосетлива и приемчива за нови инфекти. Краткотрајното изложување на аерозагадување вообичаено предизвикува кашлица, отежнато дишење, иритација на очите, носот, грлото, главоболка, замор, вртоглавица. Долготрајното изложување на аерозагадувањето предизвикува можно оштетување на кој било орган во телото бидејќи ПМ-честичките преку дишните органи навлегуваат во циркулацијата, а потоа и до сите органи. Ова резултира со развој на хронични заболувања, вклучително и развој на малигни болести. Со сигурност е потврдено дека повисоки концентрации на аерозагадување го зголемуваат бројот на акутните респираторни инфекции, што е причина за поголемо отсуство од училиште. Потврдена е и поврзаноста на хронични болести на дишните органи со аерозагадувањето. Особено важно е да се напомене дека во поново време како последица на загадувањето кај децата се појавуваат проблеми и од патологијата на менталното здравје. Токму заради соодветниот недостаток на транспортот на кислородот до мозочното ткиво еден вид на хипоксичен момент токму поради оштетените крвни садови од ПМ 2,5 честичките кои со тек на време можат да предизвикаат и оклузивни проблеми на запушување на крвните садови, детално појаснува д-р Андоновски.

Во оваа насока, а со цел превенција на здравјето на луѓето, пред се на децата во период на екстремно загадување на воздухот, д-р Андоновски дава неколку препораки.

Првенствено да се избегнува престој на отворено, особено во периодот кога аерозагадувањето е најголемо.
Да не се отвораат прозорците во период на поголема аерозагаденост.
Доколку излегувањето е неопходно, да се носат маски со докажана ефикасност.
Да се избегнува физичка активност, односно да се намали напорната физичка активност како спорт и рекреација кога аерозагадувањето е најголемо, особено на отворено.
Да се зајакнува имунолошкиот систем со консумирање храна која изобилува со овошје и зеленчук.

Да не се пуши во затворени простории и да се користи прочистувач во секоја просторија каде се наоѓаат децата, прочистувач без јонизатор со хепа филтри. 

Мораме да ја разбудиме свеста кај сите, за доброто на децата, кои се нашата иднина,“ нагласува д-р Андоновски, додавајќи дека заштитата од аерозагадувањето е од суштинско значење за нивното здравје и развој.

Анита Буховски

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание