18 Јули, 2024
0.0271

СЕКОЈ СЛУЧАЈ НА КАСНУВАЊЕ ОД ЗМИЈА ТРЕБА СЕРИОЗНО ДА СЕ СФАТИ: „Медицинска помош е неопходна дури и ако змијата не е отровна“

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Топлите зими во изминативе неколку години се една од главните причини што змиите остануваат во урбаните средини, па во текот на жешките лета граѓаните може многу често да се соочат со непријатно искуство. Природна селекција и намалување на бројот на овие влекачи, како што велат познавачите, постои доколку температурите во текот на зимата се спуштаат и до 10-тина степени под нулата, но само во случај студентиот бран да трае подолго од ден, два три.

Само во последните десеттина дена во Македонија имаше три случаи при кои граѓани беа каснати од змии, но многу е поголем бројот на оние кои при прошетки во природа, посебно на Водно, и на другите излетнички места околку Скопје виделе змии.  

-Откако затопли многу престанав да се рекреирам на Водно, страв мие е. Имам куче кое навистина ужива со часови шетајќи се по патеките, секако и јас со него, но сега бев предупреден дека луѓе секојдневно среќаваат по некоја змија. Лично не сум видел, бидејќи ви велам, од средината на јуни веќе не одам нагоре, но моите пријатели, досега неколкупати виделе, вели Јовица од Скопје.

-Змија на Водно видов минатата недела, во  четвртокот, и тоа беше доцна, околу 8 часот навечер. Имав среќа што не ја згазнав, бидејќи брзо ми премина пред нозете. Секако дека се исплашив, па верувам дека наредниот период ќе престанам со прошетките на Водно. Сметам дека треба малку повеќе да внимаваме, посочува Маја од Скопје.

Според Центарот за управување со кризи, секој случај од каснување од змија, без разлика дали е отровна или не, е потребно да се сфати сериозно и да се пријави на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК

-Центарот за упрвување со кризи на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, откако се затопли времето после пролета, почна да прима повици прво за присуство за змии во околината, а потоа за помош за да се отстранат од објекти во населени места и површини, а потоа и повици од луѓе коишто биле каснати од змија. Препорачливо е внимателно движење во природа, а при средбите со диви животни да останат смирени и да не се приближуваат до животните многу блиску од љубопитност бидејќи природата нема заштитни огради како во зоолошка градина. Тие се диви животни и ако се почувствуваат загрозено, заради нивна самозаштита, може да нападнат, конкретно за одбрана на својот личен безбедносен простор, а потоа да избегаат, вели Илија Бојаровски, задолжен за медиумска продукција и за односи со јавноста во ЦУК.

Посочува дека е препорачливо да се носат стапови за движење во природа, со коишто покрај помагањето за движење по стрмнини може да послужат низ густата вегетација со цел да се провери дали има змии. Потребно е превентивно да се внимава каде се оди и поминува, и важно е да се знае дека змиите самоиницијативно не каснуваат, туку ако се почувствуваат загрозени, во случај некој да ги наседне, да ги нагази случајно или ако се почувствуваат загрозено од ненадејно брзо доближување на човекот до нив. При каснување од змија, препорачливо е да се повика 112. Тогаш покрај поврзување со Итна медицинска помош, со остварување на контактот, се добива и локацијата на оној што бара помош, без разлика што тој ќе биде формално и прашан.

-Сите итни случаи се пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи, вели Бојаровски, кој во насока на заштита на граѓаните сподели и корисни совети.

Планинарите, извидниците, ловците, риболовците и сите љубители на прошетка во прекрасната наша природа се самоедуцираат или нивните ментори и водичи ги едуцираат за корисни постапки за прва помош во случај на каснување од змија.

1. Регистрирајте го времето на каснување, а по можност запамете ја змијата според, големина, облик и боја.

2. Смирете ја загрозената личност која може да биде уплашена и нервозна, исто така и паника кај очевидците не е добродојдена, бидејќи може да предизвика донесување на погрешни одлуки.

3. Задолжително мирување, зошто секој замор или напрегање ја забрзува циркулацијата на крв, а со тоа и ширењето на отровот во телото.

4. Имобилизирајте го каснатото место (најчесто рака или нога) и внимавајте тоа да биде на пониско ниво од срцето, тоа ќе го забави разнесувањето на отровот. Повредениот го транспортираме во лежечка положба. Ако каснувањето е на раката што побрзо треба да се тргнат прстени, часовници и нараквици бидејќи брзиот развој на отокот може да предизвика прекин на циркулацијата на дланката.

5. Побарајте медицинска помош колку што може побрзо.

6. Кога транспортот до болница е долг, смееме на повредениот да му дадеме течност преку уста, за да се избегне дехидрација, но не смееме да даваме кафе, чај и алкохол. Забрането е давање на течности на човекот кој е без свест, бидејќи со тоа може да се задуши.

- Инаку, секако, неопходна е медицинска помош по секакво каснување од змија, освен ако граѓанинот што го каснала, е апсолутно сигурен дека змијата што го каснала не е отровница. Но, познато е дека и каснувањата од неотровници треба да бидат обработени професионално, бидејќи можат да предизвикаат сериозни алергиски реакции.  Превентивно секој љубител на прошетки во природа е препорачливо да има со себе мал комплет за прва помош, во којшто е пожелно да има најмалку и таблети против алергиски реакци од каснувања од инсекти, оси, стршлени, пчели, пајаци, што може превентивно да се употребат додека да се стигне до лекар. Тоа се општи совети за средби со змии и можни каснувања, и покрај голема подготвеност, сепак може да се случи каснување од змија. Во секој случај е потребно да се сфати сериозно секој таков случај и да се пријави на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, да се даде информација за итниот случај, а потоа да се послушаат советите и да се добие медицинска помош, ако тоа е потребно според секој индивидуален случај, вели Бојаровски.

Анита Буховски 

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕН БЛЕРИМ РАМАДАНИ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО: по потерница од Србија, амбасадорот тврди нема да биде екстрадиран

УАПСЕН БЛЕРИМ РАМАДАНИ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО: по потерница од Србија, амбасадорот тврди нема да биде екстрадиран

ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ - ГОРИ НА 13 ЛОКАЦИИ: формиран кризен штаб, испратени екипи на терен, еве ја состојбата

ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ - ГОРИ НА 13 ЛОКАЦИИ: формиран кризен штаб, испратени екипи на терен, еве ја состојбата

ДЕНЕС И ДО 42 СТЕПЕНИ: Од сабота заладување од само четири степени

ДЕНЕС И ДО 42 СТЕПЕНИ: Од сабота заладување од само четири степени

Кои се велешаните што направија 3 милиони евра од извоз на конци за шест месеци?

Кои се велешаните што направија 3 милиони евра од извоз на конци за шест месеци?

„СЕКОЈ ОНОЈ КОЈ ИМА НАМЕРА ДА СТАНЕ МИНИСТЕР ТРЕБА ДА ПОМИНЕ ТЕСТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“: Најчевска направи список за тоа што треба иден министер да направи

„СЕКОЈ ОНОЈ КОЈ ИМА НАМЕРА ДА СТАНЕ МИНИСТЕР ТРЕБА ДА ПОМИНЕ ТЕСТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“: Најчевска направи список за тоа што треба иден министер да направи

„НИЕ НЕМАМЕ ГОРИВО И НЕМА ДА ГАСНЕМЕ“: Ова е одговорот што го добил Ангелов од „Национални шуми“, а даде и оцена за тоа како се справува земјава со пожарите

„НИЕ НЕМАМЕ ГОРИВО И НЕМА ДА ГАСНЕМЕ“: Ова е одговорот што го добил Ангелов од „Национални шуми“, а даде и оцена за тоа како се справува земјава со пожарите

ЕВЕ КОИ ПРАТЕНИЦИ НЕ ПОДНЕЛЕ ПОДАТОЦИ ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА ВО ДКСК: Димитровска ги наброја, почната е постапка за прекршочна постапка

ЕВЕ КОИ ПРАТЕНИЦИ НЕ ПОДНЕЛЕ ПОДАТОЦИ ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА ВО ДКСК: Димитровска ги наброја, почната е постапка за прекршочна постапка

СРПСКИ ХЕЛИКОПТЕР, ХРВАТСКИ КАНАДЕР, ТУРСКИ ЕР-ТРАКТОРИ ГАСНАТ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пожарот на Серта се приближува кон селото Калањево“

СРПСКИ ХЕЛИКОПТЕР, ХРВАТСКИ КАНАДЕР, ТУРСКИ ЕР-ТРАКТОРИ ГАСНАТ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пожарот на Серта се приближува кон селото Калањево“

ПОВРЕДЕН ЖИТЕЛ НА СИРАКОВО ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР: Има изгореници на рацете и на ногата

ПОВРЕДЕН ЖИТЕЛ НА СИРАКОВО ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР: Има изгореници на рацете и на ногата