26 Април, 2024
0.0303

СЕКОЈ ПЕТТИ МАКЕДОНЕЦ Е СИРОМАШЕН: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Заев дека ништо не направил за овие луѓе

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Секој петти Македонец живее во сиромаштија. Официјално во оваа категорија спаѓаат 480.000 луѓе или 22.2 отсто.

„Пред 4 години ветивме дека кога ќе имаме можност да ги водиме институциите нема да се срамиме да им погледнеме на најранливите во очи. Денес сме горди на чекорите. 30.000 домаќинства земаат повисока социјална помош и над 22 илјади деца користат детски. Меѓутоа, она што сакам да го истакнам е дека целосно го менуваме начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани. Точно е дека значително ја зголемуваме финансиската помош која ја добиваат, но истовремено овозможуваме поддршка за вработување, ги зајакнуваме услугите во заедницата и инвестираме во ран детски развој. Бидејќи сиромаштијата не треба да се пренесува од генерација на генерација“, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека премиерот, Зоран Заев не направи ништо за намалување на сиромаштијата. 

„Само во еден ден град како Делчево го напуштиле 1000 жители, тоа е директна последица на слабата економија и сиромаштијата во која е втурната државата. Наместо  развој три години имаме стагнација. Наводната мерка за покачување на минималната плата е само на хартија. Работниците го враќаат таканареченото покачување на рака на газдите. Власта е нефункционална и институциите не си ја вршат работата“, велат од партијата. 

Додаваат дека со Зоран Заев и СДСМ  сиромаштијата нема да се намали, напротив ќе се продлабочува. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра