19 Мај, 2024
0.0459

Секирарска: Девојчето кое е фрлено низ прозорец е тажната слика во која се наоѓа образованието

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Последниот случај со девојчето кое е фрлено низ прозорец од своите соученици е само мало делче од сложувалката - тажната слика во која се наоѓа образованието, вели Елизабета Секирарска, професорка по Менаџмент и Маркетинг во СОУ „Перо Наков„ - Куманово.

Но, вчера од училиштето тврдеа дека се работи за неумесна игра и дека не станува збор за врсничко насилство.

Професорката вели дека не е тука клучно што девојчето поминало со лесни телесни повреди, иако во целата констелација на околности тоа е секако факт кој утешува.

„Би рекла дека ова е уште една од раните, само една од низата на оние кои со години се мачиме да ги сошиеме. За жал, инфицирана е, болна и тешко залечива и отвора неколку прашања: Каде се загуби емпатијата која родителите дома ја всадуваат во своите деца и ги учат да љубат, да делат и помагаат? Каде се загуби воспитната компонента која наставниците во училница ја делат во своите ученици и ги учат што е другарство, што значи да дишат како еден и да се потпираат еден на друг? Каде се загуби одговорноста која треба да ја носат и родителите и наставниците околу тоа колку се навистина посветени на улогите чиишто се носители? Каде се загуби улогата на институциите во вакви случаи? Конечно, каде се загуби, образование кутро?“ - прашува Секирарска.

Овој случај во кој четири малолетни ученици за време на малиот одмор ја фатиле за нозе нивната 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот што се наоѓал на приземје и ја фрлиле на земја, во училиште во Аеродром ја згрози јавноста. Во полициската станица Аеродром Е.Ц. (50) вчера пријавил дека на 28 септември во училиште  се случило насилство. Секирарска смета дека треба да градиме здрав образовен систем и ваквите појави да се искоренат.

„Две и кусур децении сум зад катедрата. Многу време облечено во љубов, напор и посветеност, но исторемено и во многу дилеми кои мачат, дефинираат немоќ и болат од што се тешки за решавање. Низ годините наназад како фела наидувавме на многу болни зафати кои го фрлаа воспитно-образовниот систем на колена и кои, за жал, во сета своја интензивна неверојатност, го оформуваа како мачен дел од општественото живеење, дел  кој корне од што е затруен, деформиран и искривен до недозволиво ниво. Ниво на кое му треба многу, многу време да се издигне, да ја стресе правта од колената, да се исправи и да заличи на она што треба да биде - здрав систем кој воспитува и учи“ - додава Секирарска.

Јавноста бара одговорност за насилството меѓу младите кое зема замав во училиштата.

Надлежните ќе истражат што всушност се случило. 

Неодамна беше објавено видео снимено во училиште на кое се гледа дека девојчиња се тепаат, а нивните другари навиваат, а претходнп видео каде девојка ја тепаат другарки, беше снимено во училиште Неготино.  

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“