03 Мај, 2024
0.0277

Седум причини зошто да ја посетите Турција!

Објавено во: Стил 15 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Сакате да посетите некоја нова земја? Земја со добар микс на историјата и поп-културата, избалансирана меѓу пазарите и плажите? Пробајте ја Турција. Еве зошто.

Сведок на историјата

 

Како што знаете, Турција е во средина на историски протести против владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Од мај, млади и стари го окупираа Гези паркот со цел да протестираат и да го подигнат својот глас против како што велат, напорите на премиерот да ги смири исламистичките елементи на верниците на неговата АК партија. Јас неодамна го посетив Истанбул и разговарав со неколку млади режисери, писатели и актери, и повеќето од нив ми кажаа дека се горди, оптимистични и полни со енергија од демонстрациите.

Како што потврдува историјата, секогаш кога имаш илјадници млади кои протестираат на улиците, тогаш имаш проблем. Мора да спомнам дека просечната возраст во Турција е 28 години.

Алавија Отел 

 

Овој сосема нов бутик-хотел е замисла на Ерол и Рана Табанка, кои го ангажирале најпознатиот турски дизајнер, Хакан Езер, и најпознатиот кувар, Карло Бернардини, да го доловат нивниот концепт на опуштениот шик луксуз.

Хотелот е сместен во крајбрежниот град Алачати, кој до неодамна беше тивко и речиси непознато место.

Алавија се наоѓа на речиси еден час оддалеченост од најблискиот аеродром во Измир.

Вкупниот капацитет на Алавија е 25 соби сместени во 6 традиционални камени куќи кои се наоѓаат како во внатрешноста на ѕидана градина.

Армаган Босфор 

 

Постои причина зошто Турците имаат специфичен назив за „водна палата“, а Армаган Босфорот најдобро го отсликува тоа.

Армаган Босфор има осум соби, соа, Турска бања, брод, и приватен персонал кој е подготвен да одговори на секоја твоја потреба. Секој детал е убаво изработен, од рачно изработена чипкана облека, до оригиналните слики од масло, закачени на барокниот таван обоени во златни листови.

Елеганцијата тука е обична на начин кој евоцира возвишеност од античкиот ориент помешан со француската естетика и внимание.

Турските бањи

 

Одете во стариот дел на Истамбул на ридот до паркот Гези, барајте ги сите знаци кои велат АМАМ и почастете се со една турска бања, масажа со масло и сите оние третмани кои ви ги нудат. Таму можете да останете цел ден ако сакате, а третманите ќе ве чинат окулу 37 долати.

Прекрасната клима

 

Истамбул има изненадувачка клима со мал број на врнежи. Ваквата клима гарантира топлото време и незначителна облачност кои се предуслов за добар одмор. Меѓутоа мора да се заштите од сонцето да носите шапки, пиете многу течности и да ги ограничите попладневните активности.

Турската храна

 

Храната во Турција е разновидна и е изненадувачки вкусна. Таа изобилува со најразлични видови на свежо овошје и зеленчук, сирења и печива. Локалните специјалитети се прекрасни и за нивната подготовка се употребуваат разни зачини, а слатките изобилуваат со вкусови и ароми. И се разбира дека треба да го порбате веќе познатото турското кафе.

Чаршијата

 

Сите ја познаваат „Истамбулската голема чаршија“, бидејќи е еден од најстарите покриени маркети во светот, со повеќе од 3.000 продавници кои привлекуваат повеќе од 250.000 луѓе секој ден. Базарот претставува микс од евтини прозиводи и скапи бреднови, исто така ќе можете да најдете разни антиквитети. Имајте во предвид дека турците се секогаш расположени да преговараат за цените.