27 Април, 2024
0.0257

Се зголемува користењето на Европскиот извештај во сообраќајките во Македонија

Објавено во: Финансии 12 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Бројот на помали сообраќајни инциденти решени по пат на Европски извештај од година во година се зголемува, покажува статистиката на Националното биро за осигурување. Според нивните податоци, во 2012 година со примена на Европски извештај се решени 10.908 сообраќајни несреќи, во 2013 – 12.571, во 2014 – 13.148, во 2015 година 13.541, во 2016 – 13.044 и во 2017 година таа бројка изнесува 16.614.

Европскиот извештај се пополнува  во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета и го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода. Европскиот извештај не се пополнува и не се потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени, загинати и во сообраќајна незгода во која настанала голема материјална штета.

Возачите кои учествуваат во сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, кои пополниле и потпишале Европски извештај за сообраќајна незгода, не се должни за истата да го известат Министерството за внатрешни работи.

Како што објаснуваат од Бирото, меѓу придобивките од користењето на Европскиот извештај се намалување на  сообраќајниот метеж после случена сообраќајна незгода со мала материјална штета, побезбедно одвивање на сообраќајот, брзо и ефикасно обесштетување на оштетените странки, помалку административни процедури и заштеда на време и пари и намалување на можноста за дополнителни санкции.

Европскиот извештај не може да се примени во ситуација на сообраќајна несреќа со мала материјална штета доколку едно од возилата нема регистарски таблици или не е осигурано, едно од возилата има странска регистарска таблица, ако еден од возачите е под дејство на алкохол, дрога или други прихотропни супстанции, еден од возачите не поседува дозвола, на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција во возачката дозвола – забрана за управување со моторно возило, еден од возачите одбива да даде свои лични податоци, односно податоци за возилото, еден од  возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода и ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода.

Европскиот извештај е воведен во 2005 година, но почнува повеќе да се применува од 2010 година.


Можеби ќе ве интересира

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра