14 Декември, 2025
0.0946

СЕ ЗГОЛЕМИЛ БРОЈОТ НА ПРЕВЕЗЕНИ ПАТНИЦИ ВО ТАКСИ ПРЕВОЗОТ: Сепак дел од македонските градови воопшто немаат такси

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2025 07:58

Добивај вести на Viber

Ако ги погледнеме статистичките податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС), бројот на превезени патници во такси превозот во 2024 година се зголемил во однос на 2023 година, но во помалите македонски градови, такси воопшто нема и луѓето се снаоѓаат како знаат и умеат. Можно е во некои општини да имаат „диви“ такси возачи, но регуларна такси компанија немаат. Дури и да имаат еден или двајца таксисти кои работат на „црно“, сепак не можат целосно да се потпираат на нив. Еден од таквите градови е Македонски Брод.

„Немаме такси во градот. Откако знам за себе е така. Со пријатели се снаоѓаме. Има автобуски линии што поминуваат низ Македонски Брод и народот се снаоѓа или со комбиња или сопствен превоз или ќе замолат некој пријател да ги однесе до некаде. Луѓето најчесто одат во Прилеп и Кичево. За лекарски услуги одат таму. За до селата исто сме ограничени. Еднаш дневно има превоз од градот да се отиде до село и да се врати назад, и тоа не важи за сите села. Повеќето жители на селата најчесто во петокот доаѓаат во градот, оти е пазарен ден. Имаме туристи кои бараат превоз и замолуваме некој познат да ги однесе. Сакаат да одат до пештерата Пешна, до манастирите“, вели Марија од Македонски Брод.

И Крушево е во слична ситуација. Но, жителите објаснуваат дека предност е што градот е мал, секаде се стигнува пеш, а превоз им треба ако патуваат до соседните градови.

„Во моментов легално такси нема. Најчесто гостите доаѓаат со сопствени возила, а другите се снаоѓаат. Нема голема потреба од такси, затоа веројатно никој не се осмелува да отвори такси компанија. Локација како што е манастирот на Тоше е подалеку од градот. Основни здравствени услуги имаме тука, но за посложени состојби луѓето одат во Прилеп и Битола, а за пазарење најчесто одат во Прилеп“, рече Мери Дика од Крушево.

Во Пехчево такси компанија нема и доколку сте таму, ќе морате од локалците да побарате контакт од лице кое би можело да ве транспортира до водопадите.

„Имаше порано такси компанија. Тоа беше поодамна, пред повеќе од 10 години, а сега нема“, вели пехчевец.

Според информациите од Државниот завод за статистика, во текот на 2024 година, такси службата транспортирала вкупно 15.838.000 корисници. Во 2023 година, превезени се 14.341.000 патници. Во 2022 година, превезени се 13.566.000 патници во такси превозот. Во 2021 година, превезени се 19.755.000 патници во такси превозот. Во 2020 година, превезени се 11.083.000 патници со такси. Најголем дел од патниците користат такси превоз за да се превезат од една до друга локација во рамките на истата општина.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина