Се здружија Вучиќ, Борисов и Ципрас - Македонија да го реши името
Објавено во: Балкан 13 Јули, 2017
Трилатералата Ципрас, Вучиќ и Борисов на средба во Солун посочи дека стабилизацијата на Македонија и суштинскиот дијалог за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорот со името се предуслов за целосна поддршка од Грција, Србија и Бугарија за евроатлантските перспективи.
Заедничкиот став околу Македонија го соопшти грчкиот премиер, на прес-конференцијата со Борисов и Вучиќ.
Ципрас, како што пренесуваат грчките медиуми, истакнал дека Европската комисија ја поддржува европската перспектива на Балканот, додавајќи дека Грција, Бугарија и Србија можат да одиграат значајна улога како стаблизирачки фактор во регионот.
Тие исто така разговараа за заеднички инфраструктурни проекти како и европските перспективи.