Се зборува за хрватски, швајцарски, белгиски, но Ковачевски вели има и македонски модел за уставни измени
Објавено во: Македонија 05 Април, 2023 18:03
Имаме и македонски модел за уставни измени, изјави премиерот Димитар Ковачевски за тоа дали е прифатлив хрватскиот модел.
Ковачевски рече дека не е само ВМРО-ДПМНЕ, туку и други партии имаат свои видувања.
„Јас сметам дека ние имаме и македонски модел бидејќи секогаш сме се бореле за македонска држава, за македонски јазик за кој се изборивме во преговарачката рамка и во Договорот ФРОНТЕКС, за идентитет за кој се изборивме во преговарачката рамка, и сметам дека треба да продолжиме со македонски консензус, македонската политичка волја и македонска визија за европска Македонија. На крајот, обврска на сите политички партии во државата, исто како што било обврска на партиите во Хрватска кога пристапувала во ЕУ, е да ги поддржат стратегиските одлуки на државата и тие да не станат предмет за дневно-политичка борба“, рече Ковачевски на заедничка прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој денеска е во официјална посета на земјава.
За дневно-политичка борба, рече тој, има други прашања за кои може да се натпреваруваат со партии, но интеграцијата во ЕУ за што се потребни уставните измени е стратегиско прашање. Предлози за уставни измени, вели дека партиите ќе можат да ги дадат во рамки на работната група во која ќе членуваат врвни експерти по уставно право.
Бугарија сака да биде инволвирана во процесот за внесување на Бугарите во Уставот.Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вели дека Македонија треба да одлучи кој модел на уставни измени најмногу одговара за неа. Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи да преговата за членство во Европската Унија(ЕУ).
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




