ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2025 16:00
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска изјави дека се ограничуваат маржите на повеќе производи. Опфатени ќе бидат млекото, брашното, јајцата, киселото млеко и други. Ограничени маржи ќе има и за свежото овошје и зеленчук, но и на средствата за лична хигиена.
Се утврдуваат и највисоки цени на осум групи на производи. Највисоки цени се оние кои се применувале на 1 февруари.
Владата на денешната седница донесе две одлуки со кои за 102 групи производи се ограничуваат маржите во трговијата на големо и на мало, а за осумте најосновни производи практично се замрзнуваат цените на ниво од 1 февруари годинава. Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден откако ќе бидат објавени во Службен весник, а ќе траат до 30 април, беше соопштено на прес конференција во Владата.
„Нашите очекувања се дека со овие две одлуки, цените ќе се намалат во просек за 10 отсто“, рече Ристески.
Тој се надева дека ова ќе помогне за заштита на стандардот на граѓаните и за празниците Рамазан и Велигден. Ќе има контроли, а казните се и до 20.000 евра.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




