СЕ ЗАЛЕПИ СО СЕЛОТЕЈП НА БАНДЕРА НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ И ИСПРАТИ СИЛНА ПОРАКА: „Во Кочани се вратија деца со ампутирани прсти, мене ми загинаа петмина другари“
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2025 15:04
Од плоштадот на
Скопје, денеска млад човек испрати силна порака до јавноста. Тој во знак на
бунтовност се залепи со селотејп на една од бандерите на скопскиот плоштад, а
потоа пред новинарите разјасни зошто тоа го сторил. Вели дека пожарот во Кочани
не смее да се заборави и испрати силна порака:
„Овие деца се пуштени од болница и ќе немаат цел живот раце. Барем да им помогнеме. Толку ли бргу нè заборавивте нас од Кочани? Зошто тој град никогаш не бил битен? Да направиме нешто за тој град. Наместо да се отвораат нелегални дискотеки, нека направат нешто во Кочани. Нека направат некој културен центар, спортски центар. Нека отворат некое кино наместо деца да одат на такви места и да се глупираат таму, нека гледаат филм. Ми загинаа пет другари и некој ме прашува: нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан? Јас сум секако духовно врзан. Нема што да правам, морам да живеам во тој град. Мора да направам нешто за него. Само на едно дете знам дека му се потребни ракавици за рацете и за нозете. Една ракавица е 1.000 евра. Значи, ќе му требаат 4.000 евра. Како што гледаме, државата тие пари нема да ги обезбеди. Ако ништо друго, за тие деца да се соберат пари. Каков живот ќе живеат тие деца?“, рече човекот.
Можеби ќе ве интересира
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено




