СЕ ЖАЛАТ НА НЕЕФИКАСНА БИРОКРАТИЈА И КОРУПЦИЈА: Телото на мигрантката Фатма тргна за Сиера Леоне, сопругот останува да се бори за правдата
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2023 07:26
Телото на Фатма конечно тргна од Бутел за Сиера Леоне, три месеци по нејзината смрт кај Гевгелија.
Second tree објави дека заврши тримесечната голгота која почна со насилна смрт на 23-годишната девојка при обид преку мигрантската рута и Македонија да стигне до западна Европа, објавува Телма.
„Нејзиното тело денеска ја напушти Северна Македонија. Таа наскоро ќе биде во Сиера Леоне со семејството, по нејзиното последно патување“, објави организацијата.
Нејзиниот партнер Абу Бакар нема да присуствува на погребот. Тој решил да остане во Скопје за да се бори за вистината и правдата за сопругата.„Видовме секакви работи, од едноставна бирократска неефикасност до отворена корупција. Ќе беше сосема невозможно да го сторам тоа сам“, рече Абу Бакар.
Фатма загина во граничен инцидент на 19-ти април. При расправија и туркање на полицаец и криумчар на мигранти, пиштолот истрелал куршум со кој е убиена 23-годишната девојка.
Главен осомничен е полицаецот, иако МВР првично соопшти дека криумчарот бил тој што пукал. Обвинителството сметаше поинаку и побара да му биде одземен пасошот на полицаецот кој е првоосмничен, но истрагата не е завршена и не е утврдена одговорност за смртта на девојката. Во полициските билтени често има случаи на криумчарење мигранти.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




