СЕ ТРАГА ПО ЧЕТВОРИЦА ИДНИ ДИРЕКТОРИ НА ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ – Владата распиша оглас, еве кои се условите и кои позиции ќе се пополнуваат
Објавено во: Економија 17 Февруари, 2025 11:21
Владата распиша оглас за пријавување кандидати кои би раководеле со четири институции во државата. На веб страната на Владата објавени се огласи за пријавување кандидати за директорските места на Агенцијата за храна и ветеринарство, за Државен санитарен и здравствен инспекторат, ќе се бара нов директор и за инспекторатот за локална самоуправа, како и за Државниот пазарен инспекторат.
За кандидатите за директори условите се скоро исти, како и за повеќето раководни позиции во земјава. Идните директори мора да се државјани на Република Македонија, во моментот на именувањето не смеат да имаат изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност. Секако кандидатите треба да имаат високо образование и солидно познавање на англиски јазик или друг светски признат јазик со меѓународно признат сертификат.
Идините директори на Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат мора да имаат најмалку пет години искуство во областа. Дополнително директорот на санитарниот инспекторат мора да има високо образование од областа на медицината.
Што се однесува пак до кандидатите кои би сакале да конкурираат за директорските позиции на Државниот инспекторат за локална самоуправа и Државниот пазарен инспекторат мора да знаат дека Владата одредила оти идните директори мора да имаат шест години искуство.
За директорската позиција на пазарниот инспекторат, кадидатите треба да имаат завршено високо образование од областа на економијата, правото, бизнис, администрацијата, машинската, електротехничката, технолошката струка или друга соодветна струка поврзана со надлежностите од членот 8 од Законот за државен пазарен инспекторат.
Но, покрај овие услови, Владата бара заинтересираните кандидати да пополнат и посебен образец со кој треба да го опишат кариерниот развој во последните 10 години. Но и да го наведат досегашното знаење за законите и актите кои ја уредуваат директорската позиција за која конкурираат. Воедно кандидатите ќе треба да посочат и свои концепти и модели за управување со институцијата, особено за првата година од работењето. Се бара и други познавања на областа која се уредува, а деталите може да ги видите на овој линк.
Платата за овие директорски позиции не се објавена, но во огласите се напоменува дека „коефициентот за пресметување е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија“.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




