14 Декември, 2025
0.0378

Се тестира нов сомнителен за коронавирус, кафетериите ќе работат со скратено време

Објавено во: Македонија 12 Март, 2020 11:47

Добивај вести на Viber

Нов сомнителен случај на Клиниката за инфективно се тестира за коронавирус. Тој пациент утринава се јавил со симптоми на температура а дошол од Германија на седми март. За ова информираше министерот Филипче пред малку на прес конференцијата.

Тој во однос на состојбата на заразените деветмина кажа дека шест од нив се стабилни додека кај тројца од нив кои се на возраст над 65 години од синоќа има влошување на состојбата и се интензивирала терапијата.

Вчера беше назначена нова директорка на клиниката за кожни болести.

Утринава пак на Комисијата за заразни болести се разгледани нови дополнителни мерки кои ќе бидат разгледани денес на седница на Влада.

Меѓу нив , Филипче кажа дека ќе се предложи забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на луѓе, кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот, и капацитетот на луѓе да биде ограничен а луѓето да бидат на растојание од еден метар еден од друг. 

Ќе се предложи како што кажа министерот и  да се откажат сите кино проекции, театри концерти, како и продолжување на терапијата на хроничните болни кои досега требаше да одат на лекар специјалист од следните денови да можат да одат и кај матични.

Министерот потсети и дека СЗО синоќа прогласи пандемија.

Синоќа разговарал со првиот човек на СЗО, и кажа дека нема посебни генерални препораки за било која земја, со оглед на панедмијата, но секоја земја има право да воведе свои мерки.

Филипче посочи и дека синоќа имал разговори со колеги од Италија, кои му укажале на тоа дека во одредени делови во северните региони каде епидемијата почна , дури по воведување на најригорозните мерки повеќе нема регистрирани нови случаи, затоа сега воведуваат и во јужните, а Италија е во заштитена зона. Тоа ни укажува да се биде порадикален во тие мерки па оттука и мерките кои ќе се предложат денеска на Влада.

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија