14 Декември, 2025
0.0447

СЕ СТРАВУВА ЗА ПОВЕЌЕ ЖРТВИ: Силен земјотрес погоди две држави

Објавено во: Свет 31 Јануари, 2018 16:29

Добивај вести на Viber

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени, ги погоди Пакистан и Авганистан, при што загина едно девојче, а пет лица се повредени. 

Тие се повредени откако се урнале покривите на повеќе куќи во село во пакистанската провинција Балучистан, потврди локалниот официјален претставник, Изат Назир. 

Епицентарот на земјотресот бил регистриран во североисточниот дел на Авганистан, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од 191,2 километар.

Властите сè уште ја проценуваат штетата во Балучистан. На локалните телевизиски станици беа објавени снимки од тоа како Пакистанците ги напуштаат своите работни места, домови и училишта.

Земјотресот се почувствувал и во главните градови на Авганистан и Пакистан, Кабул и Исламабад. Заега нема извештаи за можна штета или жртви во Авганистан. Потресот бил почувствуван и во Њу Делхи, главниот град на Индија, како и индискиот дел од Кашмир.

Во земјотрес со јачина од 7,6 степени  во 2005 година во Пакистан и Кашмир загинаа илјадници луѓе, потсетуваат светските агенции.

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина