06 Мај, 2024
0.0234

Се спрема нешто убаво! За што ќе гласаат акционерите на Стопанска банка Битола?

Објавено во: Финансии 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Акционерите ќе одлучат дали ќе го одобрат предлогот за покривање на загубата за ланското работење во износ од 3,09 милиони евра. Банката ги има парите во задржана добивка од претходен период. Познавачите велат дека ова може да биде предвесник на присоединувањето на битолската банка кон Комерцијална банка, но потенцираат дека не мора да значи дека и ќе биде така

Акционерите на Стопанска банка Битола, на претстојното акционерско собрание закажано за две недели, ќе одлучуваат за покривање на загуба од 3,09 милиони евра од работењето во минатата година. Средствата се обезбедени од задржана добивка на банката која и досега била ограничена за распределба на акционерите на оваа македонска банка.

И зошто е важна оваа информација?

Прво и директно е многу важна за финансиското здравје на банката. Дополнително е значајна затоа што банката има средства кои ги чува како добивка која е задржана и не може да се распредели како дивиденда на нејзните акционери.

Но има уште една работа која веројатно во дадениот временски момент е многу поактуелна и привлечна за домашната инвеститорска заедница и воопшто за целата јавност во Македонија.

А тоа е можноста за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка. А за оваа постапка досега барем немаше ништо поопиливо. А сега има. Токму покривањето за загубата е чекор пред процесот на присоединување. Затоа што Стопанска банка Битола со покривањето за загубата од работењет лани ќе може да влезе од чиста позиција во разговорите за кои иницијален интерес покажаа и двете страни, а тоа своевремено и беше објавено на Македонската берза за хартии од вредност.

Доколку биде усвоена оваа одлука од мнозинството акционери на битолската банка тогаш ќе се намали вредноста на ставката за добивка ограничена за распределба на акционерите од сегашните 8,7 милиони евра на 5,6 милиони евра.

Засега во јавноста нема детали за процесот на разговори за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка. Но сите кои ги консултиравме за ова прашање, а сакаат анонимност, се согласни дека овој потег за покривање на загубата не значи задолжително почнување на преговорите, но секако е потег кој е предвесник на таква можност.

Доколку се случи присоединувањето тоа ќе значи поголема пазарна позиција за Комерцијална банка од една страна, а од друга страна ќе значи една деловна банка помалку на нашиот банкарски пазар. Повеќето познавачи на состојбите се согласни дека токму овој потег отвара простор за идни присоединувања на помали деловни банки кон поголеми играчи на банкарскиот пазар.

Според официјалната евиденција на квалификувани акционери на Ценрталниот депозитар во Стопанска банка Битола има само еден квалификуван акционер кој поседува над 5 отсто од акциите со право на глас. Тоа е скопската компанија за безалкохолни пијалоци „Пелистерка“ која во битолската банка поседува 17 отсто од акциите со право на глас. Стопанска банка Битола има 799 домашни акционери – физички лица кои управуваат 46,7 отсто од акциите. Интересно е тоа што акции во таа банка поседуваат уште 118 домашни правни лица кои заедно контролираат 34,6 отсто од капиталот.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст