СЕ СМЕТА ДЕКА ХЕЗБОЛАХ ТАМУ КРИЕ ОРУЖЈЕ: Израел нареди евакуација на 23 села во јужен Либан
Објавено во: Свет 12 Октомври, 2024 19:48
Израел нареди евакуација на 23 села во јужен Либан. Некои од овие села веќе биле цел на израелски напади.
Израелската армија издаде наредба за евакуација на жителите на 23 села во јужниот дел на Либан поради зголемената активност на Хезболах. Тоа ја загрозува безбедноста на локалното население.
Израел тврди дека Хезболах во овие села складира оружје и организира напади врз Израел, а Хезболах ги негира овие обвинувања, нагласувајќи дека не поседува оружје меѓу цивилите.
Конфликтот меѓу Израел и Хезболах, кој почна пред една година, ескалираше минатиот месец по интензивирањето на израелските напади врз јужен Либан, долината Бека и предградијата на Бејрут.
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања објави дека бројот на раселени Либанци е поголем од оној во последната голема војна помеѓу Израел и Хезболах во 2006 година, кога околу милион луѓе беа принудени да се раселат.
Десетици илјади луѓе се преселија во станови или кај роднини, но други ја немаа таа опција.
Многумина побарале засолниште во државните колективни прифатни центри, а близу 250,000 лица преминале во Сирија. Повеќе од половина од новодојденците во Сирија се жени и деца.
Израел од лани од 7 октомври е во војна со палестинската терористичка група Хамас, која изврши напад и убид 1.400 Израелци, но и зема заложници.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




