27 Април, 2024
0.0333

СЕ ПРОДАВА ИМОТ ВРЕДЕН 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА, ПРОДАВАЧ Е ТЕТОВСКИ „ТЕТЕКС“ - кој е потенцијалниот купувач и што ќе добие?

Објавено во: Економија 27 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Тетовскиот комбинат „Тетекс“ продава свој недвижен имот, во вредност од близу 3 и пол милиони евра.

Фактор се интересираше за каков имот станува збор, и кој ќе биде новиот сопственик, но од компанијата засега не можат да откријат повеќе детали, бидејќи такви клаузули за доверливост се склучени со потенцијалниот купувач.

Деновиве тетовскиот комбинат објави дека склучиле анекс на претходен договор, а кој се однесува на засновање на хипотека на недвижен имот во нивна сопственост, вреден 3,485 милиони евра.

„Известуваме дека на ден 21.03.2024 година Тетекс АД Тетово склучи Анекс бр.1 на Договор за засновање на хипотека на недвижен имот во соственост на друштвото, во вредност од 3.485.000 евра плус ДДВ, што преставува повеќе од 5 отсто од вредноста на капиталот на друштвото определена врз основа на последни ревидирани годишни финансиски извештаи, поради продолжување на рокот на договорот“, се вели во неодамна објавената ценовно чувствителна информација од оваа компанија.

Од контактот кој го остваривме со компанијата добивме информација дека овде всушност станува збор за продолжување на истиот договор, за истата намена, кој веќе претходно беше склучен во септември минатата година.

А, зошто всушност тетовскиот комбинат го става под залог овој свој имот?

Според нашите информации, токму овој имот во вредност од 3,5 милиони евра „Тетекс“ го продава на одреден купувач, и всушност го става под хипотека во корист на потенцијалниот купувач, а со цел да се исполнат и да се обезбедат сите услови од Договорот за купопродажба на тој недвижен имот кои се битни за купувачот.

Значи, заложувањето на имотот не е кај некоја банка со цел „Тетекс“ да земе кредит, туку тој имот се става под хипотека кај потенцијалниот купувач, со цел тој да има сигурност дека ќе се исполнат сите услови од договорот за купопродажба.

Нашите сознанија говорат дека таа зделка на купопродажба требало порано да се реализира, но се случиле околности врз кои не можат да влијаат ниту страната која купува, ниту страната која продава, поради што и самата продажба е пролонгирана за извесен период, и поради тоа всушност било неопходно да се склучи анекс на договорот за засновање на хипотека.

Всушност, како што говорат нашите сознанија, станува збор за истиот залог и истиот имот за кој компанијата транспарентно информираше во септември минатата година, а за што веќе пишуваше Фактор.

Но, ниту тогаш, а ниту сега, не може да се добие прецизна информација кој е и каде е имотот што го продава „Тетекс“, ниту кој е потенцијалниот купувач, од причина што станувало збор за сензитивна зделка, а за која има и клаузула за доверливост.

Лани, пак, како што од комбинатот наведоа во своите објави до акционерите, тие купиле имот во Скопје на сума од 564 илјади евра.

Инаку, Фактор неодамна пишуваше дека тетовскиот комбинат „Тетекс“ одлучи половина од минатогодишната добивка да ја подели како дивиденди, половина да остане за идниот период како нераспоредена добивка, а пет проценти од профитот или 73 илјади евра ќе завршат на контото на генералниот директор Бобан Гоговски. За овие одлуки ќе гласаат акционерите на Собрание кое ќе се одржи на 19 април.

Како што наведоа од Тетекс, нивниот чист профит за минатата година изнесувал 1,53 милиони евра. Од овие пари, многу помал дел ќе оди за законски резерви на друштвото, и тоа сума од околу 77 илјади евра. Остатокот од овие средства, пак, ќе се подели на приближно еднакви суми.Односно, 730 илјади евра ќе се исплати во вид на дивиденда на акционерите, додека, пак, 727 илјади евра ќе останат како износ на нераспоредена добивка. А, Бобан Гоговски кој се наоѓа на челната позиција на комбинатот, ќе добие 5 проценти од 1,457 милиони евра, што е рамно на близу 73 илјади евра.

Инаку, во текот на минатата година приоритетна приходна дејност на тетовскиот комбинат била издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.

Во своите отчети кон акционерите од компанијата објаснија дека остварената добивка е зголемена и благодарение на продажбата на залихите на производи кои долг период ја оптеретуваа билансната состојба на Друштвото.

Од компанијата нагласија и дека во текот на 2023 година друштвото купило и недвижен имот и тоа деловни објекти во Скопје, во вредност од  564 илјади евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба