ВИДЕО
Се предомисли ли Панчо Минов во последен момент па не гласаше?
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2018
Пратеникот од ГРОМ, Панчо Минов рече дека ќе го замрзне учеството во пратеничката група на опозицијата.
Ова го изјави откако дозна дека од ВМРО-ДПМНЕ е разрешен Митко Јанчев.
На гласањето во петокот, Панчо Минов гласаше против одлуката за Уставни измени.
Сепак тој прво седеше на собраниската клупа, додека другите пратеници од опозицијата стануваа за да покажат дека нема да го стиснат копчето.
Останаа да седат само тие кои гласаа.
Во еден момент со задоцнување и Панчо Минов се врти назад па станува од столчето. Тој момент е на 2.58 во видеото. Од него не усепавме да добиеме коментар.
Стевче Јакимовски лидерот на ГРОМ за Фактор уште во саботата изјави дека Минов не се подразмислувал дали ќе гласа или не.