29 Април, 2024
0.0312

Сè повеќе луѓе се соочуваат со недостаток од витамин Д

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Главната улога на витаминот Д е да му помага на организмот да ги искористи калциумот и фосфорот, минерали кои се од суштинско значење за здравјето на коските и забите. Покрај тоа, витаминот Д е одговорен  за интестинална апсорбција и на железо, магнезиум и цинк. Истражувањата во светски рамки укажуваат на сè почести случаи на недостаток на витамин Д, што предизвикува различни здравствени нарушувања. Недостатокот на витамин Д може да се должи на повеќе причини, а најчести се недоволна консумација на храна богата со овој витамин и ограничена изложеност на сончева светлина.

Здравствени ризици од недостаток на витамин Д

Без разлика на причината за појава на недостаток од витамин Д, тоа доведува до намалена апсорбција на калциум и претставува ризик по здравјето. Болки во коските и мускулите, чувство на слабост и изнемоштеност, како и потемнета кожа се едни од можните симптоми кои укажуваат на недостиг од витаминот Д. Симптомите за многу луѓе се суптилни и заради тоа често пати не им се обрнува внимание. Сепак дури и без видна симптоматологија, недостатокот на витамин Д може да претставува сериозен ризик за здравјето. Ниските концентрации на витамин Д според најновите испитувања се поврзани со:

  • Рахитис кај деца
  • Остеопороза и остемалација кај возрасни
  • Малигни заболувања
  • Автоимуни заболувања
  • Зголемен ризик за летален исход од кардиоваскуларни заболувања
  • Астма кај децата
  • Когнитивно оштетување кај возрасни и постари лица
  • Проблеми со тироидна жлезда
  • Намален имунитет кај сите возрасти и склоност кон алергии
  • Мултиплекс склероза
  • Зголемен крвен притисок
  • Дијабетес (тип 1 и 2)

Најново истражување од Биотек Лабораторија

Една од најпопуларните услуги на Биотек Лабораторија во изминатиов период е токму испитувањето на витамин Д. Анализата се работи со потполно автоматизирана метода (VIDAS 25OH Total), со која се добива квантитативен резултат и се докажува присуство на двете активни форми на витаминот Д (Д2 и Д3)

„Во изминатите два месеци во Биотек Лабораторија направивме испитување на концентрациите на витамин Д кај 71 испитаник, 45 жени и 26 мажи, на возраст од 20 до 94 години. Резултатите покажаа дека поголем дел од испитаниците, 49 (69%) имаат дефицит на витаминот Д (< 20 ng/ml), а од нив 14 (29%) имаат вредности пониски од 10 ng/ml. Дефицитот е присутен во сите возрасни групи на испитаници, кај двата пола. Нормални вредности (или доволно) на витаминот Д (30–100 ng/ml) имаат 14 испитаници (20%).

??????????????????????????????????????

Ортопедот Др. Горан Видоевски ја објаснува сериозноста од нарушување на нормалните вредности на витаминот Д во организмот:

„Сериозен недостиг на 25 (OH) витамин Д може да доведе до нарушување на минерализацијата на новоформираната коска кај новородените, што резултира со рахитис кај децата и остеомалација кај возрасните. Рахитисот претставува омекнување и слабеење на коските кај децата. Остеомалацијата е нарушување во изградбата на коските, од кое тие стануваат послаби и помеки.

Слаб до умерен дефицит може исто така да има последици врз целокупното здравје и коските на луѓето. Последиците од недостаток на витамин Д и на другите органски системи, покрај коските, сè уште не се целосно познати, но може да вклучуваат зголемена подложност на инфекции и зголемен ризик од одредени видови на рак.

Ниските вредности може да се последица на заболувања на бубрезите, кога се попречува нормалниот метаболизам на витаминот Д и појавата на активна форма, како и при намалената активност на ПТХ (паратироидниот хормон).

Зголеменото ниво на витамин Д исто така укажува на нарушување на здравствената состојба. Се јавува ретко, обично по продолжена изложеност на екстремно високи дози на витамин Д, најмногу поради консумирање на мултивитамини и додатоци во исхраната.

Високото ниво на овој витамин може да се должи на: хиперактивен ПТХ (паратироидниот хормон), затоа што паратхормонот ја стимулира синтезата на 1,25 (OH)2 витамин Д при одредени болести, како што се саркоидоза и некои лимфоми. Кога оваа форма на витамин Д се формира надвор од бубрезите овој параметар не е добар показател за токсичните дози на витамин Д.“

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг