Се помалку сакаат да цепат трупци, се купуваат инвертер клими
Објавено во: Економија 20 Септември, 2018 18:10
И без никакви интервенции и мерки, граѓаните во Македонија ги менуваат потрошувачките навики и свеста за загадувањето и на помалку од месец дена пред почетокот на грејната сезона се повеќе од греење на дрва се преориентираат на купување на инвертер клима-уреди.
- Оваа година ќе купам само еден уред, а од другата можеби уште еден. Со години се греам на дрва и веќе гледам дека времето е дојдено да се замени овој начин на затоплување, затоа што создава многу обврски и има многу слабоасти, а од друга страна конечно има технологија која заштедува колку-толку на мсетките за струја во зимските месеци. Иако сум слаб со приходи, повеќе не можам да сечам летви, да распалувам во ладна просторија, да го чистам пепелот и да складирам постојано - вели Миле Ј. од скопската населба Бутел 2.
Увозниците тврдат дека оваа година има особено голем интерес пред почетокот на грејната сезона.
- Греењето на овие клима-уреди е исплатливо како никогаш досега, а најмногу се купуваат во септември, октомври и ноември. Не е потребно догрејување со друг потрошувач и добро работат и на -25 степени. Имаат решение за сите ситуации. На пример, за повеќе соби може да се купи мултисплит, односно една надворешна со повеќе внатрешни, или пак да ја вклучувате да грее уште од надвор додека се враќате од работа. Каминот е веќе обврска кој секој сака да се ослободи, а на овој начин, според наши пресметки, целосната сметка за струја во зимските месеци и била околу 5.000 денари. Инаку, за купување, кај нас цените во зависност од моделот, се движат од 20.000 до 50.000 денари - вели увозникот.на популарните кинески модели Gree.
Во главниот град, кој секоја доцна есен и зима се бори со екстремно загадување, откажана е првичната намера за воведување на мерка за субвенционирање на инвертери и наместо тоа средствата се пренаменија за чистење на оџаци.
- Знаеме дека тоа уште повеќе ќе го поттикне купувањето и ќе го намали загадувањето, но со ребалансот на буџетот повеќе не е предвидена таква мерка, а така ќе биде и во октомври. Ние не се откажуваме од мерката, која е добра идеја, но може да се реализира од следната грејна сезона. Засега против загадувањето ќе се бориме со субвенции за пелети и велосипеди и чистење на оџаци - вели портпаролот Влатко Васиљ.
Во моментов инвертер климите прераснаа во најсериозно решение за греење на струја. Поточно речено, употребата на клима уред инвертер, можеби е и единствена опција која е исплатлива за греење на струја. Клима уредите со енергетска класа “A”, како и сите електрични уреди, можат да постигнат значајни заштеди во потрошувачката на електричната енергија. Благодарение на работата на моторот на принцип на кои работат топлинските пумпи, овозможува голема ефикасност и повеќе топлина во однос на потрошената струја.
Во меѓувреме и од БЕГ потврдија дека префрлањето на парно греење на сите домаќинства во Град Скопје, со цел да се намали екстремната загаденост на воздухот преку целата година не е можно. Според нивните анализите, греењето на дрва е најголем загадувач на воздухот и затоа од оваа компанија, во емисијата Економски магазин предложија државата и градските власти да субвенционираат набавка на инвертори.
„Ние направивме анализа, дека со масовна имплементација на инверторски системи кои што се најевтино решение во моментов, дека може релативно брзо и со комбинација на гас, да се реши загадувањето. Со 40 милиони евра, 30 илјади куќи може да се направат со инвертер, заедно со околните скопски населби и да се реши комплетно загадувањето во Градот Скопје“, рече Димитар Кочовски, директор на БЕГ.
Кочовски истакна дека 30-те илјади инвертори ќе трошат малку електрична енергија и дека се најефтини за семејниот буџет.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




