СЕ ПОМАЛКУ АРГАТИ НА НИВИТЕ: Во шпицот скапо го наплаќаат трудот
Објавено во: Економија 06 Мај, 2020 07:05
На нивите во струмичко, крај кој важи за земјоделски, има сѐ помалку аргати, затоа што и површините се намалуваат, но и сопствениците на поголеми насади ангажираат арагати само кога мораат.
Состојбата е ваква последните неколку години. Ристо Велков, претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот регион вели дека порано земјоделците ангажирале сезонци за цело лето, додека има работа, што денес не е случај.
„Сега на прсти се бројат луѓето кои имаат поголеми површини и на кои им се потребни сезонци. Работници сега им требаат на оние кои имаат оранжерии со парно. Сезонската работа почнува со берба на зелка и продолжува понатаму со други култури. Луѓето викаат сезонци, на два - три часа, или еден ден само кога не можат да постигнат сами да сработат, затоа што сметаат дека не им се исплати. Јас лично не земам аргати, туку се трудам колку можам да сработам сам“, вели Велков.
Според него, во струмичко денес нема ниту стотина сезонци во земјоделскиот сектор. Повозрасните луѓе, кои добро ја познаваат земјоделската работа обично се нафаќаат да работат на нива.
„Сезонци не доаѓаат од градот, туку од едно село одат во друго село. Тоа се постари луѓе кои немаат свои насади, и за да не седат дома, одат да поработат некој ден. Во шпицот, можат да земат дневница од 2.000 денари, и тогаш помагаат при берба, прскање, заштита на растенијата од плевели, едноставно сѐ што треба, а вообичаено дневницата е 1.000 денари“, објаснува Велков.
Дополнително, иселувањето и празнењето на селата придонесува да нема аргати. Младите не сакаат да работат на нива.
Велков вели дека од година во година состојбата со македонскиот аграр е полоша.
„Многу ретко се ангажираат сезонци, но кој сака да работи земјоделство? Јас лани садев три декари под пиперка, но не сум барал аргати. Градот ми го уништи родот. Земјоделството е „фабрика без покрив“, рече Кирил Филев, од Здружението „Македонска градина“ од Струмица.
Во струмичкиот крај најчесто се сади зелка, затоа што производната цена е пониска за разлика од другите култури. Земјоделците се плашат дека нема да има пласман за она што ќе го произведат.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





