СЕ ПОЈАВИ ПРИ ВУЛКАНСКА ЕРУПЦИЈА И ГО СНЕМА: Ова е островот кој откри многу мистерии
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2023 13:54
Островот Хунга Тонга кој во 2015 година се појави во Тихиот океан, немал многу долг живот.
Се појави поради вулканска ерупција, а исчезна на ист начин на почетокот на 2022 година. За седумгодишното постоење, островот откри неколку многу интересни тајни, пренесува Index.hr. Научниците објавија докази за неочекувана заедница на микроби на островот кои метаболизираат сулфур и атмосферски гасови, слични на организмите кои се појавуваат во многу различни живеалишта – термални извори на површината или во длабокото море.
„Не го очекувавме тоа. Мислевме дека ќе најдеме организми кои ги наоѓаме за време на повлекувањето на глечерите или цијанобактерии, чест колонизатор. Наместо тоа, откривме уникатна група бактерии кои метаболизираат сулфур и атмосферски гасови“, изјави екологистот Ник Драгон од Универзитетот во Колорадо, објави Science Alert.
Тој и неговите колеги собрале 32 примероци почва од различни области на островот, од оние во близина на морето до врвот на кратерот. Растителен свет се појавил многу брзо. И она што е интересно е дека еднаш во 150 години можена ваков начин да се појави остров и да постои повеќе од година дена. Ерупции има често, но ова беше редок феномен.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




