СЕ ОТВОРА ЛИ НОВ КЛАСТЕР ВО ШТИП: Тројца заразени со вирусот во ЈП „Исар“
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2020 12:48
Од денеска и во Јавното
претпријатие „Исар“ во Штип има три случаи потврдени со корона вирусот. Во
зградата на ова јавно претпријатие се вработени 30-тина луѓе кои, како што
велат за Фактор, целосно ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од
корона вирусот, но некои од новозаразените имале контакти со инкасаторите кои
се постојано на терен.
-Во ЈП „Исар“ навистина многу се внимава, маските практично и не ги вадиме, постојано правиме дезинфекција на рацете, како и на самите простории и работните површини. Едноставно не ни се верува како е возможно да се пренесе заразата на толку внимавање. Дел од заразените се инфицирале од колегите инкасатори кои работат на терен, а како што веќе цела Македонија знае, во Штип, низ градот, на улиците, кафулињата, воопшто не се носат маски, а да не зборуваме за држење растојание, потенцираат изворите на Фактор.
Останатите вработени нема да бидат тестирани на Ковид-19, освен во случај да појават симптоми, сепак, постои опасност, сосема слично како и штипските конфекции, ЈП „Исар“ да биде нов кластер на корона вирусот во Штип.
Во штипскиот Центар за јавно здравје има голем број граѓани кои чекаат да им биде земен брис, така што само во текот на вчерашниот ден имало дури 100-тина граѓани, за кои денеска се чекаат резултатите.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




