СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ДУИ: „Покажавме демократска зрелост, како што ја личи земја членка на НАТО“
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Народот го кажа своето, сакам да им честитам на сите граѓани имавме мирен изборен ден во кој граѓаните ја искажаа својата политичка волја и не само денес туку и низ текот на целиот процес имавме фер избори во демократски дух и компетитивна атмосфера, рече Арбер Адеми на прес конференцијата на ДУИ.
За него, ова е наш заеднички успех да им честитаме за демократската зрелост како што и доликува на земја на НАТО и земја преговарач за влез на ЕУ.
„Да им се заблагодариме на сите што гласаа за Бујар Османи со тоа го доверија својот глас и за Европскиот фронт. Сакаме да знаете дека вашта волја е запишана и ќе биде дел од идните политики на РСМ, бидејќи тоа е важно и е суштина на демократијата граѓаните да одлучуваат за се и нивната волја да се почитува. Сакаме да им се заблагодариме на новинарите, медиумите и домашните и странски набљудувачи, на сите за успешната кампања.