29 Март, 2024
0.0283

Се огласи Вело Марковски: На мало и недоволно дехидрирано дете не му се дава инфузија одеднаш

Објавено во: Македонија 29 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Докторот Вело Марковски се огласи на социјалните мрежи по смртта на шестгпдишната Јана во битолската болница. Неговото толкување е дека последиците се фатални кога на недоволно дехидрирано дете одеднаш ќе му се вбризга големо количество на инфузија.

„Значи умерено дехидрирано дете веќе е поспано, отсутни се солзим урина има малку и концентрирана темна. Тешко дехидрирано дете е сопорозно (силно поспано) не реагира на дразби, нема солзи, нема урина... Само во случај на умерена и тешка дехидрираност е оправдано давање на инфузија. Кога има дете (или возрасен) кое е лесно дехидрирано, што се гледа од клиничка слика, плаче со солзи, има мокрача, свесно е, пулсот и бројот на ресирации се нормални, очите не се вовлечени, лигавиците (јазикот) се влажни рехидрирањето оди ПЕРОРАЛНО (преку уста).

Нагло давање на поголеми количини на течност во вена доведуваат до прехидрирање (хиперволемија). Со вазодилатација на вени (проширување) се амортизира некое време. Вишокот на течност треба да го исфрлат бубрезите, во спротивно настанува белодробен едем и смрт за десетина минути и/или едем на мозок што ќе се манифестира со повраќање во млаз поспаност, кома и смрт. Волуменот на циркулација кај возрасен е околу 7% од телесната тежина (околу 5-5,5л). Кај новородени волуменот е поголем 13-14%, кај деца од 1 година околу 11% од телесна тежина. Значи на дете од околу 15 кгр волуменот на циркулација е помалку од 1,5 литар. Нагло, брзо давање (во рок од 1 час) на третина од волуменот (500 мл) на дете кое е лесно дехидрирано (или не е дехидрирано) ќе доведе до прехидрирање со тешки последици.

За појсано, истото ќе биде ако на возрасен кој е лесно дехидриран (или не е дехидриран) за еден час преку вена му дадеме 30 % од волумениот на неговата циркулација (30% од 5 л) што би изнесувало 3 инфузии од по 500 мл за еден час??? Исто ќе дојде до нагол скок на притисок, едем на мозок, едем на бели дробови, и смрт доколку веднаш не се намали волуменот со давање силни диуретици или венепункција и пуштање да истече одредена количина на крв“, напиша Марковски на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница