14 Декември, 2025
0.0523

Се огласи Шојгу по влезот на Финска во НАТО - какви мерки ќе преземе Русија?

Објавено во: Свет 04 Април, 2023 16:48

Добивај вести на Viber

Финска денеска стана 31-ва членка на НАТО, а на руските власти тоа воопшто не им се допаѓа. 

„Пристапувањето на Финска во НАТО создава ризик од значително проширување на конфликтот“, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Како што јави „Ројтерс“, тој на состанокот на раководството на руските вооружени сили рекол дека НАТО го зајакнува својот антируски курс.

„Шојгу рече и дека белоруските авиони сега се способни да носат руски нуклеарни проектили“, пренесува РТС.

Кремљ денеска најави дека ќе преземе контрамерки откако Финска ќе влезе во НАТО, со оценка дека проширувањето на западната алијанса претставува безбедносна закана за Русија. Финска е официјално членка на НАТО, откако финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто денеска во Брисел го депонираше инструментот за пристапување до САД.

И Шведска минатиот мај побара прием во НАТО, но Турција ја блокира.

Воениот и безбедносен аналитичар Мајкл Кларк изјави дека рускиот претседател Владимир Путин само се преправа дека не се грижи за вестите за влез на Финска во НАТО, а всушност „многу се грижи“. Објаснува дека ова ќе биде главоболка и за секој иден руски лидер. 

Кларк додава дека една од причините за загриженоста на Путин е фактот што Русија ќе има 1.300 километри подолга граница со НАТО. Вели дека Русите немаат војници за да ја покријат оваа граница, затоа што нивните сили се во Украина. 

Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала