14 Декември, 2025
0.0464

Се огласи првата антикорупционерка Димитровска: Комуницирав со семеен пријател пред да биде осомничен во „Адитив“

Објавено во: Македонија 30 Април, 2025 12:28

Добивај вести на Viber

Осомничената претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, за прв пат се огласи во јавноста откако беше повикана на распит во Кривичен суд за случајот „Адитив“ пред десетина дена.

Таа е осомничена за оддавање службени тајни на осомничен од случајот „Адитив“ во корупциски скандал со јавна набавка на одмастувачи за 6 милиони евра за РЕК Битола, но Димитровска вели дека комуникацијата преку Viber и WhatsApp со уапсениот поранешен директор на ТЕЦ Неготино ја остварувала како со семеен пријател и дека комуницирале како пријатели. 

Мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот ‘Адитив’, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот ‘Адитив‘.Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација. За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата.Ова го тврдам одговорно“, вели Димитровск во дописот што го испрати до медиумите.

    Првата антикорупционерка вели дека целосно ќе соработува со надлежните правосудни органи и очекува брза и транспарентна разрешница на настанот.

    До конечно изјаснување на Обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност. Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на моето семејство“, додава Димитриевска.

    Првиот човек на ДСКСвели дека согласно утврдените правила таа нема никаква можност да влијае врз текот на постапката или врз исходот.

      Како осомничена во „Адитив“, таа е под судски мерки на претпазливост, одземен и е пасошот и не може да ги извршува своите работни задачи.


      Можеби ќе ве интересира

      Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

      Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

      СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

      СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

      Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

      Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

      ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

      ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

      ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

      ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

      Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

      Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

      Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

      Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

      Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

      Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

      Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

      Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина