26 Април, 2025
0.0422

Се огласи Брахим Ајвази: Побара од Али Ахмети да ги помирува со градоначалникот на Арачиново „за да не дојде до најлошото“

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2023 16:26

Добивај вести на Viber

Поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази, се јави со изјава за ТВ21 откако општината денеска стави клуч на врати и актуелниот градоначалник Ридван Ибрахими пред медиумите рече дека нема услови за работа по претрпените закани.

Ајвазиј во изјава за ТВ21 вели дека земјиштето не е узурпирано туку со него управува неговото семејство и, како што рече, некои други сиромашни семејства Според него, ова земјиште се користи веќе десет години и овие семејства живеат од истотот. Тој негира дека му се заканувал на градоначалникот.

"Тоа не е точно. Друго е узурпацијата, друго кога ја имаш под управување. Ова земјиште е стекнато во 2013 година. Таму има неколку семејства кои немаат приходи и од неа се хранат најмалку 150 луѓе. Каков напад е тоа ако отидеш лично и бараш документ или му однесеш документ и тој побара полиција и обезбедување? Полицијата со командирот и петмина полицајци кога отишле таму биле сведоци и велат дека немало никаква закана. Беа административните работници, немаше никаква закана. Има камери!“, изјави Брахим Ајвази – поранешен градоначалник на Арачиново.

Брахим Ајвази со заканувачки тон понатаму вели дека Али Ахмети морал да посредува во предметниот случај.

„Имав апел до претседателот на партијатаАли Ахмети, да не дозволи да се препукуваме со изјави по медиумите, да ни се јави, да не седне и да не праша каде ни се проблемите. Дијалогот ги решава проблемите, но ако се оди вака, можеби може да дојде најлошото“, додаде Ајвази.

Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација денеска нема да работи поради „безбедносни причини“.

– Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но ваквата мерка главно е преземена поради безбедноста на вработените во општинската администрација, но и на граѓаните кои се обраќаат до Општината, се наведува во објавата на официјалната Фејсбук страници на Општина Арачиново.

Во објавата се додава дека ваквата одлука е донесена откако „по втор пат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот“, Ридван Ибрахими.

– Таквата одлука е против нашата волја и желба, но е неизбежна, се додава во објавата, во која се посочува дека за следното решение за работењето на локалната самоуправа граѓаните ќе бидат навремено информирани.

МВР вчера соопшти дека полициски службеници во вторникот го привеле 69-годишниот арачиновец Р.А., постапувајќи по пријава на градоначалникот Ибрахими, кој во СВР Скопје пријавил дека додека тој не бил присутен во општинската зграда, приведениот пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот.

Според Ибрахими, заканите биле изречени „во врска со предмет за доделување на користење на земјиште“.

Од МВР информираа дека по документирањето на случајот против приведениот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Ибраими лани во септември во полицијата пријавил дека бил цел на физички напад. Според тогашното соопштение на МВР, на 13 септември 2022 година во 09:46 часот Ибрахими пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на ова денеска само искоментира дека му е жал што Општината да се развива, ги губи и тие функции што ги стекнала.


Можеби ќе ве интересира

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба

Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Меџити: Ми се јавија од ДУИ и ми рекоа да се вратам кај нив

Меџити: Ми се јавија од ДУИ и ми рекоа да се вратам кај нив

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

ФИЛИПЧЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони

ФИЛИПЧЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони

ПО ПУКАЊЕТО НА БИТ ПАЗАР: Почина 31-годишен скопјанец кој се здоби со повреди

ПО ПУКАЊЕТО НА БИТ ПАЗАР: Почина 31-годишен скопјанец кој се здоби со повреди

ЗА ИСТРАГАТА ЗА TУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ: Дел од осомничените се во ефективен, а дел во куќен притвор

ЗА ИСТРАГАТА ЗА TУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ: Дел од осомничените се во ефективен, а дел во куќен притвор

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ: Татјана Димитровска не се појавила на работа

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ: Татјана Димитровска не се појавила на работа