Се очекуваат врнежи, грмежи и пад на температурите
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2023 16:19
До сабота времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и натпросечно топло, а најтопло ќе биде во петок и сабота кога ќе дува ветер од јужен правец и повремено истиот ќе засилува на интензитет. Во петок и во сабота максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Повремено ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Под влијание на Џеновски циклон, од недела кај нас ќе има поголема промена на времето, повеќе врнежи, проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме, со силен ветер и со услови за појава на град. Температурите позначително ќе се намалат, и тоа за околу, а понекаде и за повеќе од 10 степени. Почести врнежи и грмежи барем според сегашните анализи се очекуваат во текот на следната седмица, но и многу пониски температури на воздухот“, вели метеорологот Славчо Попоски.
Овој Џеновски циклон ќе донесе вистинска есен во целиот регион, а во Алпскиот регион ќе донесе и поинтензивни врнежи од снег.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




