28 Март, 2024
0.2148

Се очекува богат род кај овошките, но високите температури ќе „удрат“ по житариците

Објавено во: Агробизнис 14 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Овошните дрвца оваа пролет се спасија од мразеви, и се очекува дека ќе имаат богат род, но сега ќе имаме високи температури кои може негативно да влијаат на житариците.

Ангелко Ангелески, агрометеоролог од УХМР вели дека генерално овошките немаат штети. Според него, можно е да има минимални оштетувања само во регионот на Гевгелија и Валандово, каде имаше рани мразеви, и тоа кај оние дрвца кои први цутат како што се кајсиите и бадемите. Ангелески додава дека веќе не постои ризик за мразеви и за измрзнување на овошните насади.

„Сега ќе имаме високи температури и тие може да се одразат на житариците, така што тие нема да можат да напредуваат во висина и очекувам дека приносот ќе биде намален. Воедно, имавме сушен период, немавме доволни количини на дожд“, додава Ангелески.

Весна Севдинска, агроном од Берово вели дека досега во Малешевијата нема штети на овошните насади поради мраз. Објаснува дека сливите, јаболката и вишните го поминаа тој критичен период, иако временските услови често пати се непредвидливи.

Сливата прецвета пред неколку дена, и сега се преминува на нејзина заштита. Јаболката исто така немаат штети, тие се во полу цвет, но како ќе биде со времето понатаму не знаеме, затоа што пред десетина години, на 24 мај на празникот  Свети Кирил и Методиј температурата се спушти до -4 степени, и сѐ измрзна. До -1 степен дрвцата можат да издржат, но ако се работи за -3, -4, доаѓа до измрзнување. Во Берово имаме и плантажи со по 2.000 или 4.000 садници на слива. Ние сме на голема надморска височина, и разлики во вегетацијата во однос на Скопје и Велес може да имаме со по три недели. Дали ќе дојде до измрзнување зависи од повеќе фактори, температури, влага во почвата итн“, рече Севдинска.

Деновиве во делови од Македонија температурите ќе се искачат и над 30 степени. Ќе имаме вистинско летно време. Во 2017 година имаше сериозни штети од мраз на јаболката во Ресен и Преспа. И во 2016 година имаше изрзнување на половина од родот. Пред пет години не беа поштедени ниту лозовите насади и расадот со тутун. Многу семејства во земјава живеат од овие дејности. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи