СЕ МАЧЕА СО ЕКСТРЕМНА ИНФЛАЦИЈА: Аргентина сега влезе во рецесија
Објавено во: Економија 25 Јуни, 2024 18:27
Економски шокови се случуваат во Аргентина.
Државата влезе во рецесија во првиот квартал, покажаа официјалните податоци, при што невработеноста расте во услови на наводните строги политики на штедење наметнати од претседателот Хавиер Милеи.
Бруто домашниот производ (БДП) на Аргентина е намален во периодот од јануари до март, за 2,6 отсто во однос на претходните три месеци, објави во вторникот заводот за статистика. Личната потрошувачка е намалена во првиот квартал за 6,7 отсто во однос на истиот период лани, а државната потрошувачка е намалена за пет отсто, покажуваат податоците. Увозот се намалил за 20,1 отсто, а извозот се зголемил за 26,1 отсто. Податоците на заводот за статистика покажуваат дека стапката на невработеност во првите три месеци од годинава пораснала на 7,7 отсто, од 5,7 отсто на крајот од минатата година, со околу 300.000 повеќе невработени.
Новиот аргентински претседател тврди дека треба да воведе ред во финансиите на државата, по долгогодишни буџетски дефицити и проблеми со отплатата на долговите.
Аргентина во минатото доживеала неколку банкроти.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




