09 Мај, 2024
0.0241

СЕ КРЧКААТ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Наместо да се фрла, храната ќе се донира

Објавено во: Економија 25 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Некој јаде пет пати во денот а некој нема ниту еден оброк. И покрај овој факт Македонија се најде на листата на седмото место земји во светот каде храната најмногу се фрла.

Или едноставно речено фрламе 5.000 тони храна годишно, а таа количина може да нахрани 13.000 луѓе со три оброка дневно.

Од стопанската комора денеска соопштуваат дека се подготвуваат законски измени според кои ќе се регулира фрлањето на храната која наместо да заврши на отпад, ќе се донира.

Оваа иницијатива наиде на отворени врати кај надлежните а поддржана од бизнис секторот, коморите и Владата и веќе е формирана работна група која работи на предлог- текстот.

Со измените најпрво ќе бидат опфатени маркетите, добавувачите и производителите, а потоа и рестораните, и домаќинствата а бизнисмените ќе се бара да се ослободат од анокот на додадена вредност за храната што ќе ја донираат но и од кривична одговорност при евентуални незгоди или злоупотреби, ако доследно ги почитуваат правилата за безбедна храна.

Пред три месеци Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари работен состанок со министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со претставници на граѓанската коалиција за овозможување на донирањето на вишоците на храна .

На состанокот претставниците на граѓанската коалиција ги презентираат наодите од анализата со која се утврдува колку граѓани во Македонија имаат проблем да обезбедат храна и колку од друга страна се фрла храна. Анализата утврдила дека околу 445.000 граѓани имат проблем да озбезбедат храна и во просек имаат по еден оброк во денот, а се фрла помеѓу 4.500 и 6.500 тони на храна со вредност помеѓу 8 и 11,6 милиони евра, која има потенцијал да нахрани околу 13.000 граѓани со по 3 оброка дневно.

Причината за фрлање на храната лежи во неколкуте законски пречки како што се одговорност од несакани последици, но и даночните проблеми при што беше побарано да се воведе едноставна процедура за даночни поттикнувања за оние кои ја донираат храната, да се изготви владина програма за поддршка на граѓанските организации кои би ја дистрибуирале храната, да се направи список на храна која може да се донира по поминувањето на нејзиниот рок, итн.

Владините претставници изразија задоволство од иницијативата која ја водат граѓанските организации при што искажаната волја да се преземат мерки за надминување на моменталните состојби наскоро ќе се преточи во реална.

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните