СЕ ЈАВИ ЗЕЛЕНСКИ: Дали ќе ги признаат окупираните територии како руски?
Објавено во: Свет 12 Март, 2025 17:25
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски.
Кажа дека тоа биле црвени линии.
„Нема да признаеме ниту една од териториите окупирани од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи. Толку луѓе беа повредени, толку многу страдања издржавме. Затоа никој нема да заборави. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите основни црвени линии“, вели Зеленски.
Тој нагласи дека државата нема да дозволи никој да ги заборави злосторствата извршени врз Украина. Украинските сили го напуштиле градот Суџа во областа Курск, каде Москва изминатите денови почна офанзива. Зеленски потенцира дека Украина покажала подготвеност за примирје.
Испораките на оружје од САД за Украина продолжија денеска, еден ден откако администрацијата на Трамп ја укина суспензијата на воената помош за Киев во борбата против руската инвазија. Русија ја нападна Украина пред повеќе од три години со цел денацификација, демилитаризација и признавање на независноста на републиките Доњецк и Луганск.
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




