СЕ ЈАВИ ТРИФУН КОСТОВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ГАЗДА: Зградата на бившата Еуростандард банка не смее да биде подолу од 12 милиони евра
Објавено во: Финансии 16 Март, 2023
Откако Фактор ја објави информацијата дека компанијата Пантелеон ГС дала најдобра понуда за купување на зградата на Еуростандард банка, до нашата редакција писмо испрати бизнисменот Трифун Костовски, кој излезе со порака до стечајниот управник, но и до Одборот на доверители на банката, дека зградата на неговата некогашна банка во центарот на Скопје вреди не помалку од 12 милиони евра.
„Во Фактор е обзнаето дека фирмата Пантелеон ГС на третата по ред и последна аукција понудила 5,37 милиони евра за дирекцијата на бившата Еуростандард банка, со вкупна квадратура од 3.500 м2, со можност на доизградба на нови 800 м2 во самиот епицентар на Скопје.
Го крчмите мојот имот без око да ви трепне. Предупредувам дека мојата војна против организаторите на овој криминоген чин ќе оди до крај.
Зградата на бившата Еуростандард банка по ниту еден параметар не смее да биде подолу од 12 милиони евра.
Предупредувањето го упатувам до Стечајниот управител Саздовски и Одборот на доверители.
Немојте да дозволите процедурално да помине криминоген чин во обезвреднување на туѓиот имот за сметка на поединци и групи“, пишува Костовски во своето обраќање до Фактор.
Тој упатува уште една порака.
„Самиот манипулативен чин за евтино купување на мојот имот е ваш потег да го обезвредните собраниот капитал во стечајната маса, и со тоа на јавноста да докажете дека јас и моето семејство сме виновни доколку не се соберат средства за обештетување на правните, физички лица и нас, акционерите“, пишува Костовски во своето обраќање до стечајниот управник.
Можеби ќе ве интересира
КОЛКУ ТРЕБА ДА ПЛАТИТЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА? Еве детален преглед на цените

ГРСТ НАВРЕДИ ОД АМЕРИКАНСКИОТ РЕГУЛАТОР: Крипто пазарот е како берзата од 1920 година, полн со трговци и измамници

ТУРИСТИ ВО ШОК: Сметка за пијалок, мезе и салата колку цел еден одмор! Цени од 800 евра!

ДУРИ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ СВРТЕЛЕ СО АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ - кој друг направи најголем промет на Берзата во мај

ЛИРАТА ПАДНА НА РЕКОРДЕН МИНИМУМ - ригорозната политика на Ердоган продолжува да ја урива вредноста на валутата

ХРВАТСКА ИЗДАДЕ ЕВРООБВРЗНИЦА ОД 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, имаше голем интерес од инвеститорите

ГИ ТУЖИ ЗА КРШЕЊЕ НА ДУРИ 13 ЗАКОНИ - американскиот регулатор им застана на патот на две моќни берзи за криптовалути

ЛАЖНИ ОГЛАСИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Луѓе „се тепаат“ да резервираат соба во напуштена куќа

ВО ЕК НА СЕЗОНА И ДО 120 ЕВРА: Еве ги цените за сместување во Грција, добро треба да се олесните за убаво сместување!
